знам дека во тоа време во (комунизмот) христијаните биле прогонувани од тајната полиција, дури некоја црква била претворена во психијатриска болница.
Сите ние сме христијани, а они се делат на православни и католици...
Односно по христијанска и поголема православна нација од руската нема...+ кумунистите немаат никаква врска со тоа, тоа е само една голема заблуда и еден голем МИТ...Незнам кој го измисли, но ете...
Еве јас ке ти кажам конкретен пример...Таткоми работел цел живот во полиција, бил член на ЦК на КПМ и јас сум роден 1977 година кога КПМ била на чело на државата...Дома сме славеле куќна слава, доаѓал поп, јас сум крстен во црква...Сестрами е родена 1968 година, таткоми и во тоа време работел во полиција, исто така бил член на ЦК КПМ и КПЈ, и она е крстена во црква и никогаш никој не му рекол нити споменал ништо...
Инаку функцијата која ја работел не била уличарска, него била баш поврзана со служби кои денес се нарекуваат државна безбедност или 6-та управа или појма немам како...
Ова чисто онака, муабет...
Е сега...Црквата во која имало таква појава во русија и јас имам читано дека по скандалот или чудото е претворена во санаториум, односно душевна болница...Инаку и во времето на владеењето на комунистичката партија во Русија, црквата имала огромна улога и била една од најбогатите во тоа време...Злато, кралски круни итн итн...
+ руските попови во моментот се едни од главните на православието...
Е сега и мене ме интересира конечниот исход од целото случување...
А на кратко ке ти го објаснам моето гледиште ако ја земеме науката...
Дали е чудо или не, не сум паметен да објаснам, не сум бил да видам и не сум доволно компетентен да коментирам и да давам суд...Сепак дали верувам или не, ни самиот незнам...
По науката, фотохромизмот се случува на златна и црвена боја, како најподлежни на оваа појава...
Во таа црква неколку години луѓе на прсти можат да се избројат што влегле...Дури ни за велигден нема...
На времето се палеле свеќи, иконите биле зачадени...Сега, сакајќи да се живне црквата која има голема улога, се менуваат сијалици, со штедливи, а тоа придонесува да почне да се случува она што се случува...
Точно е дека влажност имало и порано, но кој да знае што се случило во меѓувреме...
Незнам...Ова викам е само некое си мое ете да речам видување ако ја умешаме науката...
Затоа и чекам да видам што ке се случи до вторник...