Прва твоја работа како глобален модератор на форум за електроника треба да ти биде сигурноста!!
Јас никогаш не ги препорачав овие конектори, само коментирав за нив. Препорачав само кабли
. Тоа е лично мое мислење, а не моја препорака
. Препорака ми беа само каблите (најдебели што може да ги купи и најде).
Не смееш на форумов да даваш совет да се користи на звучник конектор кој не е предвиден за напон повисок од 50 волти!
Не смееш ни да помислиш,а камоли на форум да кажеш дека користиш XLR конектори за мрежен напон!!
Што јас мислам и препорачаувам се две сосема различни работи. Ако го пишам, не значи дека го препорачувам
. Ако пишам „пробај со ова, пробај со она“, тогаш да, тоа е моја лична препорака, инаку, само си кометирам сега. Што, да бидеме реални, не е исто што и препорака (темата избега од нејзината првична цел, ама ајде...).
А која е мојата препорака, тоа е веќе сосема друга работа, и секој си има право да си ја пише својата, без разлика дали е модератор или не. Што се однесува до сигурноста, би те посочил кон оваа група на правила:
7. Правни изјави и оградувања на администрацијата на форумот
7.1. Во администрацијата на форумот спаѓаат сите членови на форумот кои се во подгрупата на членови администратори, глобални модератори и локални модератори.
7.2. Администрацијата на форумот не превезема никаква договорност за неуспехот на градбите/проектите кои членовите или администрацијата ги post-ирала на форумот.
7.3. Администрацијата на форумот не превезема никаква одговорност за физичка, материјална или емоционална штета која може да настане при градбата или пуштањето во работа на уредите/проектите кои се post-ирани на форумот од страна на неговите членови или администрацијата.
7.4. Аминистрацијата на форумот не гарантира за точноста на објавените шеми/написи/проекти кои се поставени од страна на членовите на форумот или неговата администрација.
7.5. Како регистриран корисник (user) на форумот, се согласувате сите лични податоци кои сте ги пополниле во формуларот за регстрација на форумот да бидат чувани во базата на податоци на форумот. Вашите лични податоци нема да бидат посредувани со „трети лица“ (third party) без претходно администрацијата на форумот да добие ваша дозвола. Администрацијата на форумот не превзема никаква договорност доколку базата на податоци на форумот е пробиена од страна на „трети лица“, со што личните информации кои сте ги пополниле во формуларот за регистрација на форумот можат да бидат искористени во неетички, неморални и нелегални цели.
Така да, исто како и сите други, и јас имам право да си го пишам мислењето и препораката, а дали членот ќе послуша или не, тоа е веќе сосема друга работа
.
Dynacord,JBL, RCF и едно чудо други фирми немаат никаква врска со Neutrik, немаат акции таму,не делат профит од продажбата на спикони. Си испитале тие што е најбоље и што е најсигурно и тоа си го ставаат на своите звучни кутии.Дај немој и ти да се правиш попаметен од инженерите на Dynacord, JBL, RCF и сите други.
Не се правам попаметен, само си кажувам што мислам и што е моето искуство. Како што пишав, секој си има право да си го каже (исто како што и ти си имаш право да се држиш по строги норми и спецификации, тоа е твое право и не навлегувам во тоа). Различни искуства, различни мислења, различни луѓе, различни карактери, табиети, итн. Не сите разислуваат на ист начин. Ако ти сакаш да се водиш само по спецификации, тоа воопшто не е проблем
. Ти пиши си и коментирај си околу тоа
. Ако јас имам различно мислење од твоето, не значи дека грешам (истото важи и за спецификациите, ако не секогаш верувам во нив, не значи дека грешам
).
На крајот на краиштата, јас предложив да видиме кој е максималниот пробивен напон на XLR конекторите. Ако сакаш, нема проблем, може и тоа да се испита, со што би ги ставиле спецификациите на тест
. Потоа можеме да земеме дека (на пример) 5 пати помал напон од тој да е максимално дозволен (тоа се прави на база на договор, искуство, сигурносни мерки, итн.). Не е проблем, можам да замолам во Институт за Електрични Мерења, не верувам дека ќе ме одбијат
.