Јас па мислев дека овде сите знаеме Омов закон:
502V/4oma=625W
Тоа е помалку од 1000W.
Ова според спецификации, да, но не и според практични искуства. Како што спомнав, некои работи се маркетингшки трикови. Не се, ама некои работи се
. Не возможно овие конектори да се покажале одлично во праксата, а да не можат да издржат огромни моќности
. Зошто тогаш би ги користеле, не гледам поента, ако не се покажале добро, немало да се пробијат на пазарот.
А тоа со равенката што е, тоа е за максимална моќност што може да ја издржат да протече низ нив, а не максимален пробивен напон на изолаторот од кои се направени. Тоа е сосема друга работа. Јас го спомнав максималниот пробивен напон, и стојам зад тоа дека сигурно е многу поголем од 50V (барем 10-тина пати). А верувам дека и максималната моќност која може да ја издржат не е до ~700W, туку и многу поголема од тоа (моја лична претпоставка, сигурно на 1000W).
И, како што спомна LordZi, не зборувам за Кинеските копии, зборувам за оригинални XLR конектори
.
Мрежен напон на XLR?? Тие што прават така треба да идат у затвор!!
Зошто па да не
. Ако не сакаш секој втор да ти се приклучува на некоја твоја надворешна „инсталација“ (импровизирана) од куќа или било што, зошто па да не ставам друг тип на конектор освен обичен шуко. XLR се оклопни, така да, автоматски имаш заштита од дожд/снег, а има и XLR конектори со посебни пластични куќишта, специјално наменети за лоши временски услови
. Не гледам причина да не ги искористам нив за мрежен напон
.
Neutrik гарантира дека XLR трајно издржуваат 50VAC, тоа ти е 70,7V пик или што ти е исто за пробивност на изолација - едносмерен напон 70,7VDC. Да има фантом напајање од 70V, пак XLR ќе си работи нормално на тој напон.
Добро, нема проблем. Ако сакаш, може да ги ставиме на тест XLR конекторите и кој им е пробивниот еднонасочен напон на нивната изолација (лесно ќе ја пресметаме и RMS вредноста на напонот). Може да отидеме до Институтот за Електрични Мерења и да прашаме, сигурен сум дека ќе ни дозволат да ги ставиме на тест XLR
. Не се опкладувам ништо, но сигурен сум дека барем 500V напон ќе издржат
.
И пак ќе кажам, да, на некои работи верувам на спецификации... ноооо... на некои не
.