Јас се извинувам што ке ги негирам сите погорни искажани мислења во врска со каблите...
Прво
1. Најдобро е да појдеш во Логинг или пак некоја друга специјализирана продавница за кабли и да побараш кабел за твоите нови кутии кои ке бидат со "4-pole Speakon connectors" односно 4 полни Speacon конектори.
2. Можно е кутиите да ти стигнат со кабли
3. Овие кабли немаат ама апсолутна врска со 2х1,5 мм обичен кабел за звучници...не дека не можеш да направиш комбинација, но тоа ке биде преседан...
Звучниве кутии се прекрасни и се опремени со EV, Electro Voice драјвери, имаат еден куп заштити и верувам дека ке имаат прекрасен звук...само незнам со каква миксета ке ги тераш, или пак имаш некој снагаш за нив...
Како и да е, со здравје да си ги користиш
Инаку опремени се со конектор за влез и уште еден конектор за таканаречен брз излез...
Еве како изгледаат конекторите на самата кутија:
А оваков би требало да биде конекторот на кабелот:
Моја препорака: почекај да ти стигнат прво звучките, да видиш што све ке стигне со нив, а после ке се најдат и кабли и конектори...
Најважно е да не фрлаш пари за џабе...
Овака би изгледал кит за да изработиш сам кабли:
А овака изгледа готов кабел:
Оваков тип на звучки обично се со такозвани канони, тип на конекција, но овие се со малку поразличен тип на конектирање...Сепак ова не е комерцијален звучник во кој се пикаат две жички какви ке најдеш...
Тука си сака КАБЕЛ, а не зафрканција...
Би ги замолил останатите членови другпат барем да проверат за каков тип на звучници и конектори станува збор, а потоа да оставаат коментари, бидејќи несакајќи неискусните членови може да направат беља..Без тревожење и љутење, но сите коментари беа максимално погрешни и наведоа во погрешен правец...
Поздрав и чекам да кажеш импресии од овие кутии од кои јас барем очекувам многу