Значи вака.
Ова е петти пат (оваа година) како купувам LM3886 со намера да направам аудио засилувач и од пет LM3886 само еден работи.
Па појаснам:
- Првиот LM3886 е монтиран на плочка, и дава напон на излезот, патем многу грее, да не речам врие.
- Вториот LM3886 не е на плочка, гледам на даташит и случајно мерам отпор помеѓу плус и маса, и помеѓу минус и маса. Кога мерам отпор на минус и маса ми дава 64 ома. Според даташитот инструментот не смее да покаже толку мал отпор. Со конектори (не со лемење) го поврзувам на напон. Пин 1 и 5 на плус, пин 4 на минус и пин 7 на маса, на напон +/- 35 волти. Мерам на пин 3, ми дава 35 волти. Осигурачите не горат, и интегралното многу грее.
- Третиот LM3886 проработува од прва.
- Четвртиот LM3886 е монтиран на плочка, има напон на излезот, не ги гори осигурачите и не грее.
- Последниот LM3886 го земав пред 1 час, и со конектори (не со лемење) го поврзувам на напон. Пин 1 и 5 на плус, пин 4 на минус и пин 7 на маса, на напон +/- 35 волти. Мерам на пин 3, ми дава 35 волти. Осигурачите не горат, и интегралното воопшто не загрева.
Бидејќи работам со проверена шема (од Електор), со добро направени плочки (тонер трансфер), со нови, претходно проверени и испитани делови, и во претходниве 10 години имам изработено преку 40 засилувачи со LM3886 и сите проработувале од прва. Се на се, шемата содржи 6 отпорници и 6 кондензатори, и секако LM3886. Значи освен интегралното сите други делови се пасивни.
Едно интегрално чини 400 денари што значи досега дадов 2000 денари и 1600 денари сум во зијан.
Направив муабет со продавачот, го прашувам од каде се произведени, кој ги произведува, дали се исправни, дали имаат некаква гаранција дека деловите се исправни. Ми кажа само дека ги набавуваат од Германија, и "би требало" да се ок, и дека деловите не може да се вратат, ниту да се заменат, тоа е се.
Ме интересира, што вели законот за заштита на потрошувачи, дали имам право да го вратам и да си ги барам парите назад, бидејќи делот е неисправен, а до тоа сознание дојдов преку тестирање на истиот без да го оштетам, т.е. физички е неоштетен и е во истата состојба кога е купен од продавница.
Секаков совет е добредојден.