Во овој случај треба да ја искористиш ова цела електроника за ИР приемник.
Да, во принцип, во право е bore, ќе треба целата електроника да се користи за колото од темава.
Има само еден проблем. Дали ќе може серискиот порт да го напојува целиот уред. Од USB сигурно ќе може да се напојува, но можно е серискиот порт да не може да даде доволно струја за да се напојува целиот уред.
ПС: Колку што гледам, целиот модил има три пинови преку кои се врзува за остатокот од уредот (претпоставувам некој телевизор). Провери кој пин е GND а кој Vcc врз база на поврзувањето на излезните пинови од плочката со пиновите на TDA3047, врз база на тоа ќе дознаеш кој пин од плочата е DATA и ќе можеш лесно да провериш дали ќе работи уредот
. Првично, напојувај го од екстерен уред (стабилизиран извор за напојување) подесен да дава напон од +5V, а ако уредот работи како што треба, потоа пробај да го напојуваш од USB
. Не би ти препорачувал да го напојуваш од серискиот порт.