Author Topic: Свртница за звучници NF SF VF  (Read 3186 times)

Offline Djpes

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 64
  • Gender: Male
Свртница за звучници NF SF VF
« Opened on 29.03.2012, Thursday, 17:22:04 (Edited 29.03.2012, Thursday, 18:57:22) »
Еве две свртници можеби ке му се најдат на некој.


Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Свртница за звучници NF SF VF
« Reply #1 on 29.03.2012, Thursday, 23:33:35 »
И за тебе важи - побарај на Форумов некоја програма за цртање шеми и започни да ги црташ шемите на компјутер.Така и ке вежбаш и ке не натераш нешто да видиме:Понатаму,за вакви шеми треба да наведеш барем за кои звучни единици се однесуваат свртнициве,да не кажам да ставиш qtc,qts.... и други параметри за пресметување на свртниците итн.Вака,навистина никому нема да послужат.

Offline Djpes

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 64
  • Gender: Male
тие ги имав тие ги кладов на кој ке му послужат ке му послужат кој не нека си бара чаре
три пати кладов нешто на форумов 5пати мани ми најдовте зато од сега клавајтеси шо сакате прајте
ваш е форумов не е мој, јас сакам да помогнам колку шо можам и и то нечини ко е така терајтеси како шо знајте и сами прајтеси теми сами пишетеси во нив

Offline donis92

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 512
  • Gender: Male
како прво! форумот не е ничиј и треба сите подеднакво да го чуваме да не се расправаме за глупости туку да си помагаме некој го основал форумот и не значи дека е негов, туку само владее со него за да има ред и мир и ајде без нервоза, сега нешто околу шемата одлична е кога би имал можност би ја испробал, а кога некој цртал плочка за свртница????? батка си правел
d.t

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Цитирам- *сега нешто околу шемата одлична е кога би имал можност би ја испробал, а кога некој цртал плочка за свртница?Молам?? батка си правел*
Доне, прво никој не побара плочка за свртница да црта.Второ,вака дадена свртница,без податоци за какви звучници се користени или проектирани овие свртници,не вреди ништо!! Оди во тема *Звучници* и најди постови за тоа како се пресметуваат свртниците.Значи за разни модели и типови звучници,различити се и вредностите на елементите,резните фреквенции,атенуацијата и *пеглањето* на фрекфентната карактеристика и друго.Моето укажување беше свртено кон овие работи,ама дечково изреагира како што изреагира.

Offline donis92

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 512
  • Gender: Male
мислам дека имам слушнато за вакво нешто! ама колку што знам и ти имаш објавувано шеми за свртници за непознати звучки, (ако грешам поправи ме)
d.t

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Те поправам.Можеби тебе не ти се познати.

Offline Djpes

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 64
  • Gender: Male
Те поправам.Можеби тебе не ти се познати.

батка јас тие ги имав тие ги кладов јас не сум професоналец да прам незнам што едноставно то го имав то го споделив. Па на кој му се познати тој нека ги земи како што рече ти

ако тебе ти се познати земиги препрајги и клајги пак
јас толку можев толку помогнав

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Свртница за звучници NF SF VF
« Reply #8 on 30.03.2012, Friday, 21:16:55 (Edited 30.03.2012, Friday, 23:10:41) »
Немам јас намера да ти поправам ништо.Ти погрешно ме разбра веројатно.Вака - шемата е во ред ,ама за некој да ја направи и функционира треба да имаш уште некои дополнителни податоци.Еве пример - на која фреквенција се преклопуваат басовите и високите фреквенции? Или на оваа тросистемската треба две резни фреквенции да имаш. Значи пример треба да се знае дека свртницата има резна фреквенција на 1200 Хз,па ке знаат сите дека басот ке работи од 40 до 1200 Хз ,а високиот треба да работи од 1200 хз па до 20 Кхз. Тогаш ,секој ке знае какви звучници да си бара. Ако јас имам пример бас до 800 Хз ,ке ми се јави голема дупка од 800 до 1200 Хз.Тој опсег на фреквенции ке биде потиснат. Или во првата шема на високотонецот има само кондензатор врзано - ако е тој многу ефикасен и премногу гласен ке*крешти* дури,па треба да се предвиди отпорник кој ке му ја намали ефикасноста и ке го *изедначи* со басот.Така се ствара порамна карактеристика за слушање. Значи,освен шема треба да дадеш и некое мало појаснување,некои податоци,од кој уред е свртницата или за кои звучници (марка,тип) е предвидена.Тоа сакав да ти го кажам.И не треба така да реагираш.Не сакам и никого не сум омаловажувал на Форумов.Ова е Форум.Ове секој од секого може да научи!

electron

  • Guest
За да сфати авторот на темава каде греши, нека го прочита ова:

Замисли дека ова е форум за автомобили. И јас отворам тема, ставам нацрт за клип од мотор и викам, еве ви нацрт од клип (сум го прецртал од Шевролет Камаро), па кој сака нека си го прави, а не сум напишал од која кола т.е. мотор е нацртот.
Некој можеби ќе се нафати да го прави, и после некое време ќе пише коментар: Го направив клипов, ама не можам да го монтирам на мојата Тојота Авенсис.
Зошто?
Бидејќи е голем и не го собира.
Заклучок: Не се сите клипови универзални, и не одговараат на секој мотор.

Исто е и со звучниците. Секој си има свои карактеристики, и аналогно на тоа свртница која што одговара само за тие звучници.

Ако имаш две звучни кутии, едната JBL а другата Pioneer и двете со одлични карактеристики, но JBL свират за нијанса подобро од Pioneer, и по некоја логика ја прецрташ и потоа ја направиш свртницата од JBL со намера да ја вградиш во Pioneer-oт, биди сигурен дека од Pioneer-oт со свртница од JBL ќе добиеш полош звук отколку со оригиналната свртница.
Зошто?
Бидејќи свртницата за JBL е направена да ги подобри карактеристиките на JBL звучниците, и дефинитивно нема да ги подобри карактеристиките на звучници од друг производител.
А шансите да ти се погодат сите три звучници баш за таа свртница се многу, многу мали.

Мислам дека ова е доволно јасно и разбирливо за секого.

Offline Djpes

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 64
  • Gender: Male
Одг: Свртница за звучници NF SF VF
« Reply #10 on 01.04.2012, Sunday, 16:04:32 (Edited 01.04.2012, Sunday, 16:11:44) »
море електрон јас то имав то кладов незнам ни за со звуцници се ни со е како е ви казав сто пати ако не ви чини нека избришат администраторите и ај со здравје што ме давите уште
да знаев и да имав појке информација ке ви даев не сум ненормален да не напишам ако знам уште
јас незнам како не разбирате дека колку што имав колку што знаев толку кладов

извинете со не сум порфесиналец ко вас
јас сакам да сум чоек на прво место и почитувам се што некој се потрудил да придонеси на каков било начин на општеството
ако сте толку учени земетеја шемата напрајтеја испитајтеја и клајте податоци појке
јас ова на школо е праев пред 8години и незнам појке за нејзе ништо

до администраторите: избришете ја темава и сите мој теми за да не ме дават појке

и се извинувам шо сум на форумов а појма немам од електроника

појке нема да ме видите тука 


извинете уште еднаш

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Djpes остани си ти на Форумов и прати барем што другите пишуваат,читај ги постарите теми и сепак нешто ке научиш.Сето ова што јас и другите форумџии најдобронамерно го пишавме,не значи дека сме против твоето останување или твое бришење од Форумов за електроника.Има многу посетители на Форум кои само разгледуваат ,читаат.Има стари членови кои само коментираат,а никогаш како тебе не ставиле ниту една единствена шема на Форумов! Сепак,ти се потруди барем,ама за  укажувањата не треба да се лутиш.Правилата на Форумот се такви какви што се и треба да се почитуваат.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
ако сте толку учени земетеја шемата напрајтеја испитајтеја и клајте податоци појке

Тоа не е возможно да се направи ако ги немаме оригиналните звучници... а не верувам дека некој ги има.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."