Надвор сме од темата малку но да, тоа личи како сметњи предизвикани од електрицитет (искрење).
И нема да ви се верува но пред 20 години и јас се прашував што е тоа!!! Значи кои беа симптомите: На пример си гледате телевизија или слушате радио (посебно ако слушате радио и уште полошо ако слушате на АМ) и одеднаш има големи сметњи кои на радио или телевизија звучат како „бжжжж“ и по 5 до 10 секунди ги снемува. Ова се случува неколку пати во денот во различни интервали (дење или ноќе). И јас исто како вас ми сметаше тоа многу но бев љубопитен премногу: „Што е тоа?“. И се сеќавам дека чекав, слушав на радио и ги чекав сметњите со саати и шетав во радиото за да откријам на каде најмногу се слушаат и после десетина дена истражување конечно открив и нема да ви се верува:
Сите знаете за старите (најстарите) броила. Е, во нив има саат (часовник) и тоа не електронски туку обичен со запчаници и со навивање. Епа внатре има мал мотор (со четкици) кој се вклучува кога на часовникот му треба навивање и тој мотор преку запчаник го навива часовникот еднаш до два пати во денот!. Искрењето од четкиците на тој мал мотор директно „влегува“ како сметња во струјата и секој уред (а поготово тие кои се приклучени диретно на струјата) прима сметњи. Зошто не го решиле проблемот со сметњите на броилата? Веројатно дизајнот на тие броила датира од времето кога немало и телевизори во куќите а камоли ФМ или Hi-Fi опрема.
Значи сега знаете што е проблемот. Исто така проблемот може да не биде во вашата куќа/стан туку кај комшијата! Решение? Еве уште малку ќе ги сменат секаде броилата со електронски и би требало проблемот да го нема повеќе.