Author Topic: Општи прашања поврзани со трансформатори и различни типови на напојувања  (Read 111469 times)

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Добро ти кажува Bojan,немој да ги растураш тие трансформатори,вредни се, повеќе ти се исплати да ги продадеш и да си купиш мрежно трафо какво ти треба.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Дали може трансформаторите кои ги има во некои звучни кутии (порано ги имаше во некои школи за разглас) да се премота да се користи како трансформатор за намалување на струја.
Дали може трансформатор од излез на лампашко појачало (аудио трансформатор) да се премота да се користи за намалуванје на струја.

Прво,струја не се  намалува- се намалува напон! Второ овие трансформатори можеш само да ги растуриш и премоташ,друго не ни помислувај(поготово  не да ги врзеш на 220V)!!

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Прашањето ми беше дали можам EI лимовите од тие трансформатори да ги искористам и да намотам трансформатори кои ке го намалат напонот.
Да мотам наново и примар и секундар а не така да ги бутнам во 220
Дали има разлика помегу лимовите од класичен трансформатор за намалување на напон и од лимовите за аудио трансформатори.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам

Ако се направени од обични EI лимови, се разбира дека може (а околу металната содржина на лимовите... искрено не знам, но не верувам дека се некои посебни EI лимови, тие звучници се наменети пред се за пренос на говор, не се бараат од нив супериорни Hi-End перформанси), ама не ти се исплати. Зошто? Од причините кои ги имаат пишано Bojan и Maki. Прво пробај трампај ги или продади ги. Ако гледаш дека не се продаваат, тогаш одлучи се на тој чекор (премотување на трафото).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3189
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
И јас ќе ти кажам дека е штета да ги растураш, подобро продај ги.
Иначе излезните трафа од лампашите обично имаат потенки лимови и се со поинаков состав на железото од оние на мрежните трафа, плус редени се сите E и I сегменти заедно, не наизменично како кај мрежно трафо, а имаат и  ;)зазор на спојот помеѓу нив (обично тенка лента од некој изолациски материјал), ако сепак се решиш да ги премотуваш ќе треба да ги прередиш лимовите.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Кога ке ми ги дадат ке видам што и како со нив.
Дали доколку ги премотувам ке важат истите правила и пресметки како кај мрежните трансформатори
Сепак се ВРТИ !!!

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Да,само ако има зазор помеѓу пакетите лимови треба да направиш  разместување. Но,обично кај повекето одат наизменично редење Е и I лимови,па немада биде тешко.Мери самоколку е површина на пресек и пресметувај според формулите кои повекепати се дадени на Форумов.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Дали доколку ги премотувам ке важат истите правила и пресметки како кај мрежните трансформатори

Да, би требало, зависи од тоа дали лимовите се направени од ист или сличен материјал од кои се направени лимовите кај обичните трансформатори. Во секој случај, ако веќе си решил да ги размотуваш, води се по класичните пресметки, па види дали ќе се поклопуваат со измерените вредности од премотаниот трансформатор ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726

Сакам да вбе прашам каде може да се најдат вакви трафа кај нас, а доколку нема кај нас да не знаете како да ги барам на ebay или некои такви страни? Друго прашање ми беше дали ова трафо може да се користи за некое појачалце, пошто многу е мало, ама според серискиот број што го има на него и на нет што најдов испаѓа дека е 120 вати на 19 волти? Овие ми се извадени од некои уреди што се сликани изгорени се, за да видите за што станува збор :D

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Измери пресек (плоштина) на јадрото, ќе дознаеш колкава е моќноста ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3189
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Ова се феритни трафа за SMPS напојувања, не може да ги користиш туку-така како што си замислил.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Ова се феритни трафа за SMPS напојувања, не може да ги користиш туку-така како што си замислил.

Ау, да, сега и јас забележав, во право LordZi, феритни трафа се, не можеш да ги користиш на мрежен напон.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
во даташит пишуваше дека може да се приклучат на напон од 100 до 265 ацволти :(

Offline JovanOH

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 203
  • Gender: Male
во даташит пишуваше дека може да се приклучат на напон од 100 до 265 ацволти :(
А погледна која беше фрекфенцијата? Cигурно била голема фрекфенција (поголема од 50Hz)

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
Па пишува и тоа не баш мала фрекфенција, пишува 140kHz