Author Topic: Општи прашања поврзани со трансформатори и различни типови на напојувања  (Read 110947 times)

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3059
  • Gender: Male
Teшко...Жица ќе најдеш,ама ова касетката и само лимови топки.Можеш на старо да земеш некое изгорено трафо,да го расклопиш и да го премоташ.А можеби и има негде да ти исечат неколку парчиња лим во таа форма па така да се снајдеш,а вака неверувам да има по продавнициве веќе готови касетки и лимови стокмени.
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline stefanstip

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 314
  • Gender: Male
За жица знам дека има ама за лимови и касетка  :-\ мислам дека потешка работа е да се најде овде
Каква тишина ќе настане ако луѓето го зборуваат само тоа што го знаат

Offline ShAdOw

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 879
  • Gender: Male
Едно прашање до поискусните:Дали ги има сите овие материјали кај нас да се купат за да се изгради таков трансформатор  ???

Да ги има секако, гледам според никот дека си од Штип, распрашај се по некој мајстори, сигурно ќе ти кажат дека во Штип има човек кој ги има сите овие материјали. И јас сум набавувал вакви материјали, само не преку него, туку преку еден пријател винклер од Свети Николе и тој ми кажа дека ги купувал материјалите од некој човек од Штип. Каде се наоѓа тој човек незнам, но можам да дознаам и да ти кажам, бидејќи скоро секој ден сум во Штип на факултет и кога ќе имам време ќе се распрашам и ќе ти кажам, ако во меѓувреме не дознаеш ти ;).

Offline ki4o01

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 213
  • Gender: Male
па ако го најдите известете ме и мене и јас сум заинтересиран  :)

Не ми се брза така да кога ќе дознаеш може да ме известиш, а ако дознаам во меѓувреме ќе ја споделам информацијата
Каква тишина ќе настане ако луѓето го зборуваат само тоа што го знаат

Offline ki4o01

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 213
  • Gender: Male
Значи сакам да ми кажите како да го поврзам овај трансформатор на него има
42в 24в Нв (1) 220в 240в Нв (2)
мене ми требаат 24в е сега дали треба вака да го поврзам:
на мрежа 220в и Нв (2) а на склопот 24в и Нв (1)

Offline triology

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 161
Едно прашање до поискусните:Дали ги има сите овие материјали кај нас да се купат за да се изгради таков трансформатор  ???

Да ги има секако, гледам според никот дека си од Штип, распрашај се по некој мајстори, сигурно ќе ти кажат дека во Штип има човек кој ги има сите овие материјали. И јас сум набавувал вакви материјали, само не преку него, туку преку еден пријател винклер од Свети Николе и тој ми кажа дека ги купувал материјалите од некој човек од Штип. Каде се наоѓа тој човек незнам, но можам да дознаам и да ти кажам, бидејќи скоро секој ден сум во Штип на факултет и кога ќе имам време ќе се распрашам и ќе ти кажам, ако во меѓувреме не дознаеш ти ;).

И јас сум Многу заинтересиран околу ова...

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Па најверојатно. Кога ќе го зврзуваш за мрежен напон, врзи го преку сијалица и мери колкав е напонот меѓу Нв (2) (што и да ти значи тоа Нв, јас никаде не видов оснака Нв на трафото но ОК ;D) и 24V-ниот излез ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline ki4o01

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 213
  • Gender: Male
Нв значи нула волти (ваљда) иначе незнам дали да го врзам од мрежа на 220 или 240 тоа да ми кажиш ако можи :)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Нв значи нула волти (ваљда) иначе незнам дали да го врзам од мрежа на 220 или 240 тоа да ми кажиш ако можи :)

И на двете нема да има проблем, но ако сакаш малку (за нијанса) поголем напон да дава, врзи го на 220V-ниот влез (но, задолжително врзи во во серија сијалица ако не си сигурен дали изводите се сигурно тие), сега мрежниот напон не е како порано што беше, 220V, туку е 230V, така да, ако е врзан за 220V-ниот влез, на излез, ќе дава малку поголем напон ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3059
  • Gender: Male
Што мислите за DIY компјутерско напојување,дома склопено?
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Што мислите за DIY компјутерско напојување,дома склопено?

Не се исплати, за 600 денари имаш нови, а за уште 500 денари ќе го преправиш да биде супер ;). А ако имаш дома делови на лагер, може и за без ич пари плус да го направиш напојувањето „скоро верчно“ (ќе ставиш заштита од превисок напон, поквалитетни кондензатори, подобри ладилни тела од некои други напојувања, поквалитетен кулер/кулери, итн.) ;). И онака не е проблемот самото напојување, туку повеќе е изработката и квалитетот на деловите (пред се мислам на кондензаторите), инаку, истите делови ги има во сите ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3059
  • Gender: Male
Знам дека има нови за таа цена само што имаат мали трансформатори внатре,така да не се 500W ;D.Тие од по профи фирми се многу поскапи од 500-600W се над 100-150eu...Земав јас едно напојување од циган пазар со два трансформатори огромни,едниот е за тие 12 и 5в,а другиот е со некои чудни напони 115в,75,28 незнам од што е,а се гледа дека е добро правено...Пишува на него alpine power supply.Па се мислам да ги искористам деловите од ова и да склопам некое ново со двата трансформатори пример на едниот 12 и 5в,на другиот тие -12,-5 и 3.3в.
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Компјутерско напојување за 600 денари? Првпат слушам да има толку евтини. Во која продавница ги има за таа цена ?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.