Author Topic: Општи прашања поврзани со трансформатори и различни типови на напојувања  (Read 110924 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
на излез дава напон само кога се споени е1/е2 и 120в/120в и приклучени на 220в,
или е1/е2  и  едната од 120в.

Отпор покажува само помеѓу е1 и 120в и е2 и 120в, отпорот е 11-12 оми.

Сега пак не ми е јасно. Јас вака ти викам да направиш. Вака имаш направено?

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
 да да еден од начините кои ги пробував е и така да приклучам, но вади 91+в и 61+в на излез а не 48в како што треба.
Трансформаторот како и да го приклучам на 220в, не дава напон на излез или дава напон кој е дупло поголем од тој што треба да го дава на излез.
Ги пробав сите можни комбинации на поврзување но чудото пак по негово.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline ShAdOw

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 879
  • Gender: Male
А зошто не си внимавал кога си го вадел од засилувачот која жица каде е поврзана? Или веќе беше изваден од некој друг па ти беше даден на тебе?

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
да да еден од начините кои ги пробував е и така да приклучам, но вади 91+в и 61+в на излез а не 48в како што треба.
Трансформаторот како и да го приклучам на 220в, не дава напон на излез или дава напон кој е дупло поголем од тој што треба да го дава на излез.
Ги пробав сите можни комбинации на поврзување но чудото пак по негово.

Овој трансформатор 100% бил со преклопник за 220V/110V, а кои жици треба да се преклопат за да работи, тоа е веќе нагаѓање. Можеби некоја комбинација и ќе запали, кој знае...
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Кога го извадив од засилувачот го вадев со преклопникот.
Жиците што се гледаат на сликата се од преклопникот и од конекторот за 220в, проблемот е што кога ке го приклучам наместо 48в како што пишува, дава околу 91в и 60в
Го приклучувам како што го извадив - како што беше поврзан во засилувачот.
Не е проблем приклучувањето, проблем е излезот.


Сепак се ВРТИ !!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Кога го извадив од засилувачот го вадев со преклопникот.
Жиците што се гледаат на сликата се од преклопникот и од конекторот за 220в, проблемот е што кога ке го приклучам наместо 48в како што пишува, дава околу 91в и 60в
Го приклучувам како што го извадив - како што беше поврзан во засилувачот.
Не е проблем приклучувањето, проблем е излезот.

Ај пробај вака. Земи друг трансформатор, препорачливо е да има вредност на излезниот напон која е пропорционална на излезниот напон од овој трансформатор (да има 48V, 24V, 36V или 12V секундарни напони), пресметај го односот на излезниот напон на овој трансформатор и на другиот. Потоа, врзи го другиот трансформатор на мрежен напон. Секундарот на мрежно врзаниот трансформатор врзи го за секундарот од овој трансформатор (тој на кој не му ги знаеш примарите кои му се) и врз база на односот на напоните (пропорционалноста), дознај кои се примарните намотки за 220V на овој трансформатор ;). На пример, мрежно врзаниот трансформатор има секундарн напон од 24V, ако секундарот од мрежно врзаниот трансформатор е врзан за секундарот од оној на кој не му ја знаеш примарната намотка, примарот го бараш со мерење, но притоа гледаш меѓу кои изводи трансформаторот ќе даде 110V или 115V ;) (зависи од мрежниот напон). Станува збор за проста пропорционалност ;).

Не знам дали ме разбра што сакам да кажам ;D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline ShAdOw

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 879
  • Gender: Male
Охо Гига кај отиде ;D.

dr-mr пробај да го вратиш трафото назад во засилувачот како што било и потоа мери ги напоните кои ги дава на излезот од секундарот и напиши што ќе добиеш тука ;).

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Трансформаторот го приклучив како што треба (како што беше во засилувачот ) но пак неговата вади дупла напон на излез.
Засилувачот го немам, неможам да го вратам пак трансформаторот, кога го вадев извадив комплетно се, копчето за 115/230 осигурачо и кабело за 220в, поврзано е се како што беше во засилувачот
Кога го приклучувам вади дупла напон, проблем е излезот, кога има 220в на влезот на излезот не ги вади 48в како што пишува туку 90в
 

 
Сепак се ВРТИ !!!

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
На излезите кои што ги сметаш (мислиш) за 48V прикачи сијалица од 100W/220V и притоа мери го напонот на тие два изводи. Треба да добиеш некој пад на напон и колкав е тој?
Патем да прашам - каков инструмент користиш? Дали се исправни(а) батериите во него? Да не случајно инструментот ти прави “утка“?
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Пробав нема пад на напонот на излезот, исто е со сијалица и без сијалица, вади 92.2в.
Мерев со три различни инструменти, со сите покажува исти вредности, би требало да се исправни.
утре ке пробам и со друг инструмент, ако е пак исто ке оди во канта, ако не е ке одат инструментите во канта  ;D ;D ;D
Сепак се ВРТИ !!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
утре ке пробам и со друг инструмент, ако е пак исто ке оди во канта, ако не е ке одат инструментите во канта  ;D ;D ;D

Не го фрлај за џабе ;). Пробај, можеби ќе го продадеш на форумов или размениш за некои други делови ;). Не е многу моќен трансформаторот, ама сигурно има барем 100VA моќност ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline borisq10

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 230
  • Gender: Male
Имам трафо со 17 пина за што може да служи тоа нешто? :)

Offline ShAdOw

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 879
  • Gender: Male
Стави некоја слика од него, вака одкаде ќе знаеме за што трафо се работи :).

Offline borisq10

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 230
  • Gender: Male

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
тоа ти е феритно трафо, се користи со дополнителна електроника за да си ја врши функцијата...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)