Кога го извадив од засилувачот го вадев со преклопникот.
Жиците што се гледаат на сликата се од преклопникот и од конекторот за 220в, проблемот е што кога ке го приклучам наместо 48в како што пишува, дава околу 91в и 60в
Го приклучувам како што го извадив - како што беше поврзан во засилувачот.
Не е проблем приклучувањето, проблем е излезот.
Ај пробај вака. Земи друг трансформатор, препорачливо е да има вредност на излезниот напон која е пропорционална на излезниот напон од овој трансформатор (да има 48V, 24V, 36V или 12V секундарни напони), пресметај го односот на излезниот напон на овој трансформатор и на другиот. Потоа, врзи го другиот трансформатор на мрежен напон. Секундарот на мрежно врзаниот трансформатор врзи го за секундарот од овој трансформатор (тој на кој не му ги знаеш примарите кои му се) и врз база на односот на напоните (пропорционалноста), дознај кои се примарните намотки за 220V на овој трансформатор
. На пример, мрежно врзаниот трансформатор има секундарн напон од 24V, ако секундарот од мрежно врзаниот трансформатор е врзан за секундарот од оној на кој не му ја знаеш примарната намотка, примарот го бараш со мерење, но притоа гледаш меѓу кои изводи трансформаторот ќе даде 110V или 115V
(зависи од мрежниот напон). Станува збор за проста пропорционалност
.
Не знам дали ме разбра што сакам да кажам
.