Author Topic: Општи прашања поврзани со трансформатори и различни типови на напојувања  (Read 110941 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Тука можете да поставувате прашања за трансформатори и различни типови на напојувања, од класични (линеарни), до PWM и некои хибридни типови на напојувања ;).

Но, да се разбереме, тоа не значи дека целата дискусија за напојувања треба да се префрли тука. Ако имате некое прашање за некое напојување за кое веќе има отворено тема во оваа скеција од форумот, ќе си прашате во таа тема!
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Прашање.
Имам трансформатор кој е изваден од засилувач, на влез има 220в/240в/110в, а на излез треба да дава 48в.
Но  на излез трансформаторот вади:
 91в помеѓу сина и бела жица.
29в помеѓу зелено/жолта (маса) и сина
60в помеѓу зелено/жолта (маса) и бела
сината и белата жица беа  приклучени на грец од 3,3а и 2 кондензатори по 2200мф 63в, кога го извадив од засилувачот, марка bouyer
Зошто се однесува така чудото
 
Не е премотуван, нема физички оштетувања, не се загрева  или да чади  :)

Сепак се ВРТИ !!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Пробај врзи отпорник (некој моќен) со вередност од околу 10-тина ohm-и и пак мери ги напоните.

Кога мереше, да не мереше на подрачје на еднонасочен напон?
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
па може има сепарирани напони, т.е. различни напони за одредени делови од појачалото, како на пример, башка за релеи башка за претпојачало резервен напон... од око, дебелината на жицата на трите изводи иста е?

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3188
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Гледам примарот има опција за 120 и 220волти, да не си го врзал на 120 па да ги дуплира сите напони, 91волт е дупло од 48 колку што треба да дава.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Со отпорник ке пробам.
Мерев на наизменично, со три различни мултиметри,
Белата и сината жица се ставани од мене, за пред појачалото има друга плочка со стабилизатор
Приклуцено е на како што го извадив од засилувачот, на кокопчето за 110/220, се гледат 110 мислам дека е приклучено на 220.
Ако го приклучам на 220 а е поврзано за 110, ке изгори влезот или сум грешка?
Сепак се ВРТИ !!!

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3188
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Ќе изгори, можда не од одма, ама ќе изгори. Провери отпорност на примарот, би требало да има две намотки со ист отпор за 120волти, со нивно сериско врзување се добива дупло поголем отпор за на 220волти. Ако не знаеш која е која намотка, најди ја комбинацијата помеѓу нив која дава  најголема отпорност, приклучи ја на 220 и мери дали ќе добиеш 48волти на секундар.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
помеѓу сивата 120в и е2 дава 12,7 оми, помегју црната 120б и е1 дава 11,7оми помегју другите не дава ништо.
поврзани 220в дирекно на 120в и е2 или 120в ио е1 на излез нема ништо (се прошета малку бројките на мултиметрот и се вракја на нула )
пробав и 120в и 100в/220 и нема ништо на излез
Сепак се ВРТИ !!!

Offline ki4o01

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 213
  • Gender: Male
Ми треба феритен торус од комп напојување. дали ова е тоа? и ако е тоа како да намотам 18 намотки примар и 3 намотки секундар?




Offline ShAdOw

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 879
  • Gender: Male
Ова е железо, а не ферит ;D. Еве како изгледа феритното јадро:



Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
тоа што ти го имаш мене повеќе на макара ми личи него на феритно торусче :)
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
 Тоа навистина не е феритно јадро ,туку само железен прстен.Феритното јадро е направено од феромагнетен материјал ( железна прашина која е обработена со  посебна технологија ).Еве слики на феритни прстени.Како се мота - бидејки има мал број намотки,мотај на рака во еден смер(најчесто од лево на десно ,кон себе.Фиксирај ги намотките (едно до друго ) со некој леплив материјал- трака,брз лепак,изолирбан и слично.Еве и една скица -како изгледа фабричка моталка за овој вид на трансформатори.



[датотека избришана од администраторот]

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Имам трансформатор кој е изваден од засилувач, на влез има 220в/240в/110в, а на излез треба да дава 48в.

Хмммм... малку чудно засилувач да нема симетрично напојување, особено купечки, а тие се обично транзисторски.

Пробај вака. Провери дали обележаните два изводи се поврзани, со омметар (колкава отпорност дава меѓу тие два).



Ако не дава скоро никакв отпорност (и 100-тина Kohm-и се смета за никаква), краткоспои ги и врзи мрежен напон меѓу следните два пина (преку сијалица редно врзана на колото).

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline triology

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 161
колку само би сакал да знам сам да си ги мотам трансформаторите...се ке беше толку полесно и МНОГУ поефтино...

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Појачалото беше транзисторско со 2н3055 30w, нема симетрично напојување, жиците од исправувачот одат на појачалото, едната оди и до друг трансформатор кој е за на звучникот, појачалото има излез од 2,4,6,8,16 или 32 оми.

Кога има напон на е1 и е2 нема ништо на излез.
Кога има напон на 120в и 120в или 120в и 100/220в нема ништо на излез.
на излез дава напон само кога се споени е1/е2 и 120в/120в и приклучени на 220в,
или е1/е2  и  едната од 120в.
Но ги дава пак истите напони на излез.
Како и да го поврзав на излез или нема ништо или напон кој не треба да го има.

Отпор покажува само помеѓу е1 и 120в и е2 и 120в, отпорот е 11-12 оми.
Сепак се ВРТИ !!!