Author Topic: Општи прашања поврзани со трансформатори и различни типови на напојувања  (Read 111483 times)

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
ќе внимаваш многу на максималниот напон со кој се напојуваат ОЗ, мислам дека нив ќе треба да ги промениш со други некој кој се за поголем напон
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline JovanOH

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 203
  • Gender: Male
Devil ти викаш дека треба да внимавам на напонот со кој се напојуваат ОЗ тоа во ред. Јас во каталогот за TL081 гледам дека пишува Vcc=+/-18V, еве го каталогот
Code: [Select]
http://pdf1.alldatasheet.com/datasheet-pdf/view/25383/STMICROELECTRONICS/TL081.html па сега тоа ме буни овде на шемата ОЗ на пин 7 што е +VCC би требало ако не грешам да иама напон од околу 24V, а на пинот 4 -VCC напон од -5,6V никаде нема напон од 18V. Ако може ова да ми го појасниш ова. Незнам можеби и јас нешто грешам  :)
И за LorzdZi кондензаотор е 50V  ;)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
36V мерено према + и - повеќе од тоа не смее да се подигне напонот, тоа според даташит, ама најчесто овај напон може и да биде помал па пак да се оштети интегралецот :D
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline JovanOH

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 203
  • Gender: Male
Аха ок фалa ви, денес професорот го прашав тој ми рече дека може со овој напон исто и некој друг го имал направено слопов и работел со напон од 27V.  :)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Колеги дали на оваа шема каде што е обележано на влезот да се поврзи трансформатор од 24V~ може да се стави трансформатор од 27,2V~ ...

Ти пиша 27.2V~, а тоа е 27.2 X 1.41 = 38.352V. На граница, си :S. Ај ќе одземам 1.4V поради падот на напонот на диодите, со што ја добиваме вредност 36.952V ~ 37V, ама пак си блиску до границата :S. Јас не би го правел така. Пробај најди некои операциски засилувачи кои имаат максимален работен напон од барем 45V.

Пробај со OPA445, OPA452, OPA551, OPA552. Тие имаат висок напон на напојување, на дел од нив максимален работен напон им е 80V, на некои е 60V, ама пак ги задоволува овие критериуми ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3059
  • Gender: Male
Дали знае некој како и дали може да се „надгледуваат“(monitor) три напони во исто време од еден пин на PWM регулатор(oд feedback пинот)?Пример имам интегралец UC3842,и после трафото имам три напони 3.3V,5V и 12V е сега како да ги надгледувам сите три т.е да има повратна врска oд сите три напони?
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
не, незнам дали ќе успееш така, ама направи го трафото со додатна намотка само за фидбекот
или земи од 5V-от напон за фидбек назад, пак ќе добиеш некоја горе долу прецизна регулација
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline SKOLS_OLD

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2782
  • Gender: Male
па тој како што ги надгледува преку галванското одвојување(PC817-оптокаплерот) и ти некако да одвоиш проводник,па на некој микроконтролер да ги чита

Offline masterficx

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 76
  • Gender: Male
Добар ден на сите.

Јас сум ви релативно нов/стар член. Одамна сум зачленет ама ве читам само. Сега решив да ви пишам затоа што ми треба вашата помош.

Сакам да си се занимавам за празнициве нешто ама ми треба помош. Земав 2 мини појачалца што ги имам направено со TDA2003 и сакав да им направам засебно напојување ( досега работеа на компјутерско ). Имам трансформатор кој декларирано треба да дава на излез 2 х 12v/0.8a, и 2 x 9v/0.8a. Читав некаде по странски сајт и направив вака :

напоните на сликата не се тие кои ги измерив. Напоните на самиот секундар на трафото, се ~22 волти наизменичен , и после диодите и конензаторите се пак ~22 волти еднонасочен напон ( додека работи појачалото, значи под оптеретување дава ~22 волти ). Дали и каде грешам?
Засилувачот сега за сега работи но мислам дека тој напон е малце преголем за тој интегралец и ми е страв дека ќе го изгори. Како можам да го направам ова да се смали напонот за некој волт? Дали ми е добро направено претворањето од наизменичен во еднонасочен напон ?

Фала ви.

8 Бит Пазари = 1 Бајт Пазар

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Најпрво,провери дали инструментот е исправен или пробај со некој друг! Ако трансформаторот дава навистина 22В наизменичен напон,тогаш по исправувањето и пеглањето со 2 х 2200 mF не може да имаш пак 22В едносмерен напон( треба некаде околу 27В да добиеш).Тој напон би бил превисок за TDA 2003.Значи.првен најди друг инструмент,провери си ги мерењата,а потоа ако напонот во секундарот е навистина 22В наизменичен,направи си стабилизатор за 12 В со LM 317 или 7812 + појак транзистор.Такви шеми има веке на Форумов,а ако не можеш да се снајдеш пиши па ке видиме.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Засилувачот сега за сега работи но мислам дека тој напон е малце преголем за тој интегралец и ми е страв дека ќе го изгори. Како можам да го направам ова да се смали напонот за некој волт? Дали ми е добро направено претворањето од наизменичен во еднонасочен напон ?

Подобро е ако направиш целобранов исправувач, а не полубранов. Целобрановиот исправувач (грецов спој) се прави со 4 диоди, а полубрановиот со една, како што имаш направено ти.

Можеш да ги искористиш 2 X 9V излезите од трафото за напојување на TDA2003, бидејќи по исправувањето и пеглањето на напонот, ќе имаш излезен напон од околу 11.5V. Може да ги искористиш и 12V-ните излези, под услов навистина да даваат излезен напон од 12V~, а по исправувањето и пеглањето, треба да добиеш напон од околу 15.5V.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Дали греењето е поголемо или не? Доколку греењето на 2003 е нормално ( не претерано зголемено),тогаш можеби грешно мериш! Сепак ,побарај шема на некој стабилизатор кој би дал барем 1,5 А.

Offline masterficx

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 76
  • Gender: Male
Погрешно сум напишал дечки. Вака :

На самиот секундар, напоните се одприлика 17 волти, а после исправање со диода и со пеглање со 2х2200 mf стигнува напонот до кај 24 волти. Уствари сега не е со 2 кондензатори од 2200 mf туку е со еден од 2200 mf и плус еден од 3300 mf ( подобро е со поголемиот кондензатор или да ги вратам да бидат 2-та исти ? )

Ова мерење е без оптеретување, а со оптеретување паѓа за некои си 2 до 3 волти односно со оптеретување успевам да измерам 22 или 21 волт. Сепак склопот работи но кога ќе го оставам да свири едно пола саат одприлика трансформаторот се загрева, многу малку но се загрева.

Имате некои предлози или сугестии ?

@batka

TDA2003 не грее воопшто ( закачен ми е за голем дебел хладњак од АМ2 процесор )
8 Бит Пазари = 1 Бајт Пазар

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Погрешно сум напишал дечки. Вака :

На самиот секундар, напоните се одприлика 17 волти, а после исправање со диода и со пеглање со 2х2200 mf стигнува напонот до кај 24 волти. Уствари сега не е со 2 кондензатори од 2200 mf туку е со еден од 2200 mf и плус еден од 3300 mf ( подобро е со поголемиот кондензатор или да ги вратам да бидат 2-та исти ? )

Ова мерење е без оптеретување, а со оптеретување паѓа за некои си 2 до 3 волти односно со оптеретување успевам да измерам 22 или 21 волт. Сепак склопот работи но кога ќе го оставам да свири едно пола саат одприлика трансформаторот се загрева, многу малку но се загрева.

Имате некои предлози или сугестии ?

Нема да има проблем и со 2200uF и 3300uF врзани во паралела, баш напротив, колку е поголема капацитивноста во напојувачката секција, толку е подобро. Условно кажано, не може да се претера со кондензатори во напојувачка секција ;D.

Напонот паѓа толку бидејќи имаш ставено полубранов исправувач. Ако ставиш целобранов, нема толку да паѓа напонот.

Јас сепак би ти препорачал да ги користиш 9V-ните излези од трафото. Максимален работен напон (absolute maximum rating) на TDA2003 мислам дека е 28V, а 24V е многу блиску до овој максимум. Со 9V-ните излези ќе имаш малку поголема потрошувачка на струја, ама затоа па ризикот од горење на TDA2003 ќе биде значително намален ;). Најлошо што може да се случи е напонот да падне под минималниот работен напон на TDA2003 и колото да престане да работи ;).