Author Topic: Општи прашања поврзани со трансформатори и различни типови на напојувања  (Read 110950 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Прво,дали ке имаш место бифиларно две жици да намоташ? Друго, не се практикуваат две различни дебелини на жица од повеќе причини ,а најголема е зголеменото греење. Ако моташ со 0,6 мм пресек, а треба со 1,1 мм ќе добиеш сигурно половина ампеража  за  ист број намотки.Најдобро е да најдеш или купиш лак жица од 1,1 мм пресек,колку е потребно според пресметките.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Така е не е препорачливо да се мота бифиларно и дали ќе имаш место да го изведеш тоа, незнам баш дали ќе собере трафото ти е од микробранова печка кое е високонапонско.Од него знам еден пријател го премота секундарот со многу дебела жица ама многу дебела жица не се сеќавам сега колку милиметри и заваруваше со него. ;).И за таа намена е добро но секако го користат и за друго го премотуваат.Во секој случај моќно трафо е  ;) ;D
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3188
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Lux, трафо од микробранова не е наменето за континуирана употреба, за напојување, засилувач и сл. превише се загрева.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline Lux

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 338
Вака,пробав со 0,6мм го намотав примарот,а секундарот за проба  некои 40 волти со 1,5мм жица и работи добро,без загревање додуша го оптеретив со ламба да трга до кај 2 ампери мерено,без брум,мислам зуејње, го пецнав малку со швајцапарат од по страните мислам да не објаснувам сега како каде сигурно на јутуб имате видено сите како се растура,е сега тоа беше за проба како ќе се однесува,сега ке направам котурче и малку покултурно ќе го намотам со 2x0,5мм жица бафиларно за примарот а секундарот 2x40 волти,бидејќи збира на котурчето и има доволно место.
Боже чувајме од пријатели,од непријатели сам ќе се чувам.

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
Дали некој има чуено некаде во Македонија да се продаваат торусни јадра, значи само јадра? Друго нешто да прашам, дали имате слушнато некаде некој да пробувал и да успеал со статор од електро мотор да направи торусно јадро, обликот им е прилично ист, дури и составот е ист, лакиран трафо лим и во двата случаи, кај торус е мотано во круг, а кај статор круговите се редени еден врз друг па се пунктувани, со тоа што формираат јадро.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Батка,дали ти е јасно што е тоа торусен трансформатор и од што е направен?А во оглас пишуваш дека моташ торус(????) Мислам дека треба да прочиташ малку литература - * обликот им е прилично ист, дури и составот е ист, лакиран трафо лим и во двата случаи*!????? ;D :o Eве ти една статија да прочиташ,па да го добиеш одговорот на твоето прашање! 8)

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
Во врска со првата констатација дали знам што е торус а го работам тоа, многу во нашава државичка работат нешто прават пари а незнаат како функционира тоа што го прават, тоа и не е битно во случајов. Иначе за составот на едното и другото, се прават од потполно ист лим, за ова имам учено на факултет (може и да ме излажале таму, професорот не беше баш за да биде професор), него ајде да го баталиме тоа, сам ке си правам експирименти, за другиот дел од прашањето што го имав поставено, дали има некаде во државава да продаваат јадра?

Offline MURO

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 152
Торусно јадро и статор од мотор навистина личат по форма  и се од ист лим, ама јадрата се формирани различно. Кај торусен трансформатор има еден, со лак изолиран лим смотан во ролна и тоа е јадрото. Слично на  челична лента -ѕидарско метро. Статорот на индукционен мотор е формиран со изолирани лимови во облик на слепени прстени, така што оваа комбинација е добра за мотање полови намотки, но не и намотка како кај торусен трасформатор. Ова јадро ќе го прегреат виорни струи и ќе се уништи намотката. Така да, не верувам дека некој нешто направил со вакво јадро. Инаку, трафо лимови едно време продаваше Светлина Куманово. Не торусни туку обични (E-I).

Offline DS

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 105
  • Gender: Male
сакам да прашам нешто поврзано со solar панел. имам батерија од 3.7V , 3000mah овие од мобилен и сега дали можам да ја полнам ако земам некој мини соларен панел што дава на излез 5V и дирекно ја врзам? за колку време ќе ја наполни ако е панел со моќност (2.5W дали е доволен?)  што значи 2.5/5=500mah, 5 саати ќе ја полни цела батерија или побрзо? :)
loading...

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Не оди плукни залепи. Каков ид а е ќе треба регулатор на 4.2 волти. обавезно. Друга рабтота што полнењето не е 100% ефикасно односно имаш загуби, прво тие 0,8в пад на напон по струја, второ загуби во самата батерија, Некои батерии имаат интегриран регулатор на напон, па може да ги полниш дирекс на 5в. Инаку загубите не се ништо страшно, само ќе го успорат полнењето, т.е. зависи за колку ти треба да полни, па ќе земиш 30% појак панел

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
Здраво колеги :) Чисто онака ме интересира, дали знае некој како функционираат оние инвертори што се продаваат 12 v DC --> 220 V 50 Hz,  за во кола што се. Моќноста гледам дека им се движи од 100-тина вати па до 3000 (можда и повеќе).  Си мислам ај да не работат на некаков свичинг принцип,.. ама па наизменична струја даваат на излез, и тоа со 50 хз,
Life is too short to remove USB safely ..

Offline MilerovEfekt

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 176
Code: [Select]
https://en.wikipedia.org/wiki/Pulse-width_modulation
Повели :-)

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
Life is too short to remove USB safely ..

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
еве слика од последниот намотан торусен трансформатор, покрај мотањето многу битно кај примарто на трансформаторот е намотките да бидат многу набиени, значи кога мотав трафото на секој круг со гумен чекан мавав по намотките за да се набиваат, иначе јавува како да има некој спој помеѓу намотките и трафото многу зуи :D

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Лекот е трансформаторски лак и печење во рерна на 300 степени 1/2 саат.Проверена рецепта! ;D ;D