Author Topic: Општи прашања поврзани со трансформатори и различни типови на напојувања  (Read 111471 times)

Offline masterficx

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 76
  • Gender: Male
Последната работа која не ја напоменав е дека на трансформаторот ознаките се следниве,

12V x 2 - 0.8A

9V x 2 - 0.8A

дали тоа значи дека имам 4 пати по 0.8 ампери?

Дали тоа значи дека имам 2 х 0.8 ампери на 12 волтните излези, и 2 х 0.8 ампери на 9 волтните излези ??

Или тоа значи дека имам 2 пати по 0.8 ампери се на се - односно на 12 волтните излези имам 0.8 ампери вкупно и на  9 волтните излези имам 0.8 ампери вкупно??
8 Бит Пазари = 1 Бајт Пазар

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Тоа значи дека сите секундари ти се мотани со иста жица и даваат по 0,8А.Имаш по два дупли секундари и можеш да ги комбинираш и да добиеш 18V ( 2x9V) 24 V ( 2x12V) ..42V ( 24 + 18V)....

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
дали тоа значи дека имам 4 пати по 0.8 ампери?

Тоа значи дека од секој од излезите можеш засебно да добиеш по 0.8A. Паралелно врзување на излезите не се препорачува.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline masterficx

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 76
  • Gender: Male

Подобро е ако направиш целобранов исправувач, а не полубранов. Целобрановиот исправувач (грецов спој) се прави со 4 диоди, а полубрановиот со една, како што имаш направено ти.


Како да направам на овој трансформатор 2 целобранови исправувачи за да добијам 2 пати по 12 волти еднонасочен напон, за да напојувам 2 TDA2003 ??

Како да ги поставам диодите ( имам дома диоди повеќе па ќе направам со диоди наместо со грец )???

Ќе сака некој да нацрта шема ( макар и во пеинт ) за да видам како да го одработам тоа ??
8 Бит Пазари = 1 Бајт Пазар

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Ќе сака некој да нацрта шема ( макар и во пеинт ) за да видам како да го одработам тоа ??

Еве, вака ќе направиш, како на сликава подолу ;).



Вакви две ќе направиш, за секој од излезите посебно и гледај диодите да можат да издржат барем 1A струја, а препорачливо е и повеќе да можат да издржат ;). Максималниот работен напон на диодите не е екстремно критичен, бидејќи и онака и онака повеќето исправувачки диоди немаат проблем со напон до 100V, а напонот на напојување е и онака значително помал од овој ;). Притоа сите диоди се исти (да може да издржат иста јачина на струја, а не една да може 1A, а друга да може 1.5A или 2A). Кондензаторот C1 може да има и поголема вредност, вредноста не е критична, во принцип, во напојувачка секција (барем кај засилувачи), условно речено, никогаш не се доволно кондензатори ;D. Вредноста може да биде и 3300uF и 4700uF, не е проблем. Само работниот напон да не биде помал или на граница од максималниот напон кој го има на краевите меѓу кои се поставува ;). Во овој случај, тоа би била максималната вредност на наизменичниот напон која може да се добие ако вредноста измерена со унимер поставен на подрачје за мерење на наизменичен напон, се помножи со 1.41 и од добиената врендост се одземе околу 1.4V (падот на напонот на диодите ;)).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline masterficx

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 76
  • Gender: Male
GigaWatt фала ти на одговорот, јас знам за ова но тоа што мене ме буни е дали ќе можам да го искористам мојот трансформатор кој има 3 жици на секундарот и како да ги поврзам жиците од трансформаторот со диодите ???

8 Бит Пазари = 1 Бајт Пазар

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
тебе ти треба симетрично напојување или 2 напојувања 0-12V
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline masterficx

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 76
  • Gender: Male
@Devil сакам да имам 2 пати по 12 волти за да можам да напојувам 2 TDA 2003
8 Бит Пазари = 1 Бајт Пазар

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
шемата на Gigawatt од погоре
правиш две такви исти, едното го поврзуваш на 12V и нулата, другото на другите 12V и нулата

како на сликава, само што трафото на сликава е некое друго, на местото негово ти ќе си го поставиш твоето, и нема да ги ставаш деловите C3, C4, C5,C6, нема да ги ставаш тоа 7812 и 7805, него ќе ја користиш шемата од погоре (на GigaWatt)

Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
GigaWatt фала ти на одговорот, јас знам за ова но тоа што мене ме буни е дали ќе можам да го искористам мојот трансформатор кој има 3 жици на секундарот и како да ги поврзам жиците од трансформаторот со диодите ???

На Devil решението е одлично ;). Истото може да се направи и со само еден исправувач, како шема за симетрично напојување, како на сликата подолу. Во принцип, истата функција ја вршат, со таа разлика што овие диоди ќе треба да имаат дупло поголем максимален работен напон, што во конкретниов случај не е проблем, бидејќи и онака излезниот напон од трансформаторот е далеку од висок ;).



Шемата на Devil е подобра бидејќи ќе добиеш напојување со засебни изводи за секој од засилувачите, односно напојувачките секции ќе им бидат независни (ако откаже едната, другата може да продолжи да работи), што е недостаток на оваа шема (напојувачката секција е заедничка и за двата засилувачи). Освен тоа, тоа што за едниот канал ќе биде GND, за другиот ќе биде +Vcc, така да, и тука се јавува неусогласеност :S. Сите компоненти од едниот и од другиот канал ќе бидат на различни потенцијали едни во однос на други, така да, ќе треба добро да ги изолираш каналите еден од друг, да не случајно се допрат ладилниците. А ако имаш заеднички ладилник за двата засилувачи, ќе треба да ги изолираш TDA2003 еден од друг преку лискунска подлошка од ладилното тело (не знам дали им се N/C куќиштата, ама дури и да се, не е лошо ова да се направи ;), можно е куќиштата да се спојат со некој пин ако случајно изгорат, па тек тогаш да настане хаварија ;D).

Кога ќе размислам подобро, користи ја шемата на Devil ;D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
GigaWatt,  твојава шема не е добра за таа намена. Што ќе се случи кога ќе се поврзат масите за влезниот сигнал од двата засилувачи на една заедничка маса, на пример на DVD плеер? boom  :)
Жан

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
GigaWatt,  твојава шема не е добра за таа намена. Што ќе се случи кога ќе се поврзат масите за влезниот сигнал од двата засилувачи на една заедничка маса, на пример на DVD плеер? boom  :)

Е и тоа ми текна ;D. Ама подоцна ;D. Во право си ;). Затоа на крајот од post-от пишав дека подобро е да ја користи шемата од Devil ;). Со оваа јас што ја post-рав, може нема да има бум, ама дефинитивно ќе има спрж ;D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline masterficx

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 76
  • Gender: Male
Се надевам вечерва ќе имам малкуцка барем време да ја направам на прото-плочка шемата од Devil, само ме плаши тоа што кога го користев едниот излез од трансформаторот за едното појачалце трансформаторчето се загреваше ( многу млако, но се загреваше ). Дали тоа значи дека неговата снага е премногу мала за тоа интегралче???

Исто така да спомнам дека моментално имам за тест само 6 омски звучник. Дали тоа може да претставува проблем ???

Шемата која ја користам за изградба е оваа :

8 Бит Пазари = 1 Бајт Пазар

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Се надевам вечерва ќе имам малкуцка барем време да ја направам на прото-плочка шемата од Devil, само ме плаши тоа што кога го користев едниот излез од трансформаторот за едното појачалце трансформаторчето се загреваше ( многу млако, но се загреваше ). Дали тоа значи дека неговата снага е премногу мала за тоа интегралче???

Ако е само млако, нема проблем ;). Ќе издржи ;). Допри го кај жиците, каде што се намотките на трансформаторот. Ако не се жешки жиците, нема да има проблем ;).

Исто така да спомнам дека моментално имам за тест само 6 омски звучник. Дали тоа може да претставува проблем ???

Барем од моето досегашно искуство, во принцип, засилувачите со интегрирани кола се неуништливи ;D. Пред се бидејќи имаат заштити од еден куп работи (прегревање, преголем влезен напон, краток спој на излез, итн.). Е сега, со TDA2003 немам работено (може и имам, ама не ми текнува ;D), така да, со конкретно овој модел на интегрирани засилувачи, немам искуство, ама од моето досегашно искусво, барем за интегрираниве засилувачи имам изведено едно мое лично правило (не значи дека сум 100% во право, ама до сега барем ми функционирало ;D): ако работи кога прв пат ќе го пуштиш, најверојатно ќе работи засекогаш ;D. Ми се случило да ми изгорат и интегрирани засилувачи, ама најчесто по моја вина (сум направил спој некаде или не сум врзал некој пин или сум го врзал на погрешно место...). На пример, не ми се случило да ми изгори интегриран засилувач од прегревање. Но, затоа ми се има случено да ми изгори од погрешно врзано напојување ;D. Е сега, иако повеќето од овие интегрирани засилувачи имаат заштита од краток спој на излезите, не е препорачливо „да си играш“ и да ги краткоспојуваш (како што јас знаев да правам ;D) бидејќи, можеби нема да изгори по првиот краток спој, ама по 5, 6, 7 по ред краткоспојувања, ќе изгори ;D. Така да, не се плаши, иако можеби е декларирано колото за работа со 8ohm-ски звучници (не знам, не сум го прочитал datasheet-от на TDA2003, барем не во последно време ;D), најверојатно нема да има проблем ни со 6, а ни со 4ohm-ски звучници ;).

Шемата која ја користам за изградба е оваа :



Нели со TDA2003 ќе го правиш... односно, јас барем колку што разбрав, засилувачите се веќе готови ???.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline masterficx

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 76
  • Gender: Male
Значи колку интелигенција има на форумов чудо некое... ( ќе ве давам почесто со прашања мои интелигентни е-другарчиња   ;D  ;D)

TDA 2002 и TDA2003 работат на таа шема што ја постирав. Досега немав употребено напон на 2-те електрични кола кои ги направив со TDA2003 заедно, односно ги пробував едно по едно :). Ги приклучив на компјутерско напојување но сакав да направам целосно независен уред. Викендов ќе се поиграм со трансформаторов и диодите и ќе ви кажам како испаднало. Треба да ја направам и тонската контрола од оваа тема:

http://elektronika-mk.net/index.php?topic=6829.msg85594#new

Фала ви на сите.

Среќни празници !!!
8 Бит Пазари = 1 Бајт Пазар