Епа,Зец веројатно сме иста *школа*,кога размислуваме слично.Ако погледаш малку поранешни постови во Звучници ,ке видиш дека токму ваквото размислување кое и јас го практикувам не му се свиѓа на Маки,според кого мора да се знаат Qts и сите други Q- фактори за да се пресмета кутијата.Ако не се тие параметри - ке нема живот. ниту звук,само неколкумина * избрани * ке можат да прават кутии,свртници итд. Спрема мене многу е лесно и едноставно да се дојде до димензии и волумен на кутиите( според големината на мембраната и намената на самата кутија).И на крај : имам еден пријател кој се вика Крсто и кој покрај тоа што е мајстор за дрво,иверка,медијапан и босанка има и - уво! Со него ги тестираме кутиите не една недела,ами и месец ако треба! Битно ни е да добиеме -звук кој ке ни ги задоволи ушите!! Тоа некој не го разбира.Ама ,стрпливи сме и си правиме безброј проби по систем * стави елемент,пробај слушни,извади* се додека не добиеме нешто како*наш* звук! Кога му продаваш зв.кутии на некој ,веројатно го оставаш да ги слушне и да донесе свој суд! Ама си имал веројатно случаи кога се купувала големината,тежината и убавината на некои зв.кутии кои тебе лично ти биле грозни! Ама,зар би му рекол на купецот дека не треба да ги купува?
Не,човекот си одлучил така !И што е тука спорно; Зар некој мора твојата музика и звук да ја слуша? И која е гаранцијата дека ти добро слушаш??