Author Topic: Дискусија: Разлики од кондензатор до кондензатор во репродукција на звукот  (Read 12516 times)

Offline ZEC ELECTRONICS

  • Нов член
  • *
  • Posts: 30
  • Gender: Male
  • Секој новитет денес...утре е историја !!!
    • zec.mk
Дискусијава е страшна  !!!!    .....


....штета што ги нема сите делови.....т.е. се избришани  ( случајно )....инаку џабе да се замарате за кондензаторите ако врзете сараунд појачало...или ако изворот ви е двд плеер ( под 100 еври ) или  не дај боже компјутер...или песната е симната од интернет и во некој МП3 формат....никаква разлика нема да чуете ......дедо ми стално викаше сингирот е јак колку најслабата алка !!!!....така да зависно од средствата што ги имаш на располагање секој блок или фолиски или биполарен што е во рамка од 100 денари за парче и со мин 100в ...ќе заврши работа.....нагоре лудило.....има кондензатори по 400 евра парче ...разликата е само на инструмент....треба уште 5000 евра во непосредна околина да вложиш за можеби да ја чуеш разликата....

мој совет се што не е најевтино ..веќе е подобро.....но балансирајте помегу сите компоненти - во звучната кутија....на самата свртница.....каблите за звучниците .....појачивачот....изворот...интерконекциските кабли......самата снимка ......аудиото е нечто за кое цел живот е малку да навлезеш во него......колку повеќе навлегуваш дест пати повеќе затворени врати ти се појавуваат......


....а за луге со слободно време и доволно желба во продавница ќе си земете едно ќесе кондензатори ....едно пола кило жица 0,8 за бас намотки и ,4 за високи и средни ....повеќе отпорници со различни врдности  5вати би ви препорачал затоа што дведесет посто од фабричките кутии за домашна употреба со разумна цена ги имаат во фабричките свртници ......и уживајте во викендот со рани комбинациии.......и една напомена кога ќе дојдете до звукот кој веќе доволно ви се бендисува  - менувањето на ситниците се прави бар на една недела слушање од моменталната склопка......секое фино подесување е апсолутно невозмочно во кратки временски интервали....вачето уво се штелува на дадениот звук..му треба време на релаксација за да ја воочите разликата....


Поздрав

ЗЕЦ
Сите се добредојдени .....

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9429
Епа,Зец веројатно сме иста *школа*,кога размислуваме слично.Ако погледаш малку поранешни постови во Звучници ,ке видиш дека токму ваквото размислување кое и јас го практикувам не му се свиѓа на Маки,според кого мора да се знаат Qts  и сите други Q- фактори за да се пресмета кутијата.Ако не се тие параметри - ке нема живот. ниту звук,само неколкумина * избрани * ке можат да прават кутии,свртници итд. Спрема мене многу е лесно и едноставно да се дојде до димензии и волумен на кутиите( според големината на мембраната и намената на самата кутија).И на крај : имам еден пријател кој се вика Крсто и кој покрај тоа што е мајстор за дрво,иверка,медијапан и босанка има и - уво! Со него ги тестираме кутиите не една недела,ами и месец ако треба! Битно ни е да добиеме -звук кој ке ни ги задоволи ушите!! Тоа некој не го разбира.Ама ,стрпливи сме и си правиме безброј проби по систем * стави елемент,пробај слушни,извади* се додека не добиеме нешто како*наш* звук! Кога му продаваш зв.кутии на некој ,веројатно го оставаш да ги слушне и да донесе свој суд! Ама си имал веројатно случаи кога се купувала големината,тежината и убавината на некои зв.кутии кои тебе лично ти биле грозни! Ама,зар би му рекол на купецот дека не треба да ги купува???? Не,човекот си одлучил така !И што е тука спорно; Зар некој мора твојата музика и звук да ја слуша? И која е гаранцијата дека ти добро слушаш??

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2918
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Колеги, како ви се чини оваа работа...? :)

Code: [Select]
http://studiozey.com/woodencapacitor/index.html
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 673
  • Gender: Male
Можеби ова нема врска , но нешто е заедночко. Во Теслиниот кој го зедов од училиште блок кондензаторот беше во дрво. Незнаев зошто и како.

Offline Otpor

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 159
  • Gender: Male
Ова само на осцилоскоп да се види...ама споредбава ја прај со мин.50 еу кондензатор,ако има некој да позајми ваков па да прајме работа,инаку пари не давам за ,,црнион,,  ;D

@Atanas:Aj земи го то дрвеното и тркни до кај мене ко ќе можиш  ;)
,,Алчните за пофалба секогаш имаат мали заслуги,,

Плутарх, двесте и кусур и некоја година П.Н.Е

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12110
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Не го чув звукот и разликата, но мислам дека ова е многу труд. Не сум до толку аудиофилски настроен ;D.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 764
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Колеги, како ви се чини оваа работа...? :)

Code: [Select]
http://studiozey.com/woodencapacitor/index.html
Ми се чини глупава, како прво- металното куќиште на електролитот блокира интерференција, а со тоа што го исече и замени со дрвено, дојде до огромно "подобрување", а па тоа што го замота во свила натопена во ленено масло, направи огромно "подобрување"... Да можеше со од пиле млеко ќе го натопеше.... Абе глупости^2... 100% Placebo ефект...
 
Можеби ова нема врска , но нешто е заедночко. Во Теслиниот кој го зедов од училиште блок кондензаторот беше во дрво. Незнаев зошто и како.
Само за естетика...
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline Gocko

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 59
Градам еден засилувач за мене со TDA7294 , па ме интересира дали овие кондензатори се квалитетни. Нема да кажам од што се извадени.




Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12110
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Штом пишува Japan, не се секирај ;) ;D.

Инаку, според ознаката M и триаголничето на кондензаторите, најверојатно се Matsushita (Panasonic) ;).





ПС: Ако може, нареден пат не поставувај директно линкови од слики од FB. Објаснето е во следниот линк зошто (на крајот од post-от ;)).

Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=12651.0
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2918
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Од надвор личат на Панасоник, ако се оригинални тогаш се квалитетни, а ако си ги извадил од некој постар уред, а не си ги купил (во Гац на пример), има големи шанси да се оригинални.
Во секој случај јас би ги измерил капацитетот и ESR пред да ги употребам.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3616
  • Gender: Male
Коллку може да се очекува од интегралец...

Offline Gocko

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 59
Да , и јас имам слушнато дека најдобро дрво за ова била парена бука од источна македонија сечено на надморска височина од околу 1000м , подобро било од шумово дрво , јасен или топола  ;D
Ова се приказни за мали деца .... зошто верувате во се што ке видите , има луѓе што немаат работа а имаат премногу време.
На господинот од линкот што ги ставал кондензаторите во дрво , сигурно склопеното појачало ќе му праи кејф кога ке го склопи и ке си каже самиот на себе дека ТОА-Е-ТОА ... на тој господинот , да му ги смениме скришно кондензаторите преку ноќ да му ставиме обични (првобитни) без да знае тој , на прво слушање ако направи разлика или ако каже дека некој нешто му чепкал во појачалото или било каков коментар , ставам глава на труп.