Author Topic: Дискусија: Разлики од кондензатор до кондензатор во репродукција на звукот  (Read 12511 times)

Offline triology

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 162
Сакам да поразговараме околу разликите кои што ги предизвикуваат различни брендови на кондензатори со иста вредност на ист проект,притоа што во некој ситуации има драстични разлики во резултатот-звукот.Па сакав да ве прашам на што се должи тоа?Што всушност се случува што прави разлики во крајниот резултат-звукот(репродукција)?Воедно истово прашање би важело и за потенциометрите и атенуаторите?

Offline MAKEDONIA

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1246
  • Gender: Male
  • Da bides idiot e najtesko,konkurencijata e silna
ZA KAKVI KONDENZATORI SE RABOTI ELEKTROLITSKI ILI OBICNI,OBICNO IMAAT RAZNITE KONDENZATORI POMALKU GUBITOCI A VO ZVUKOT OBICNO MALKU POZNATA VELIVINA E DEKA TIE TREPETAT I OBICNO TREBA DA SE ZALEPAT TVRDO ZA POSTOLJETO,TREBA PODOBRO DA GO POSTAVIS PRASANJETO
Z33MK

Offline triology

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 162
Мислев за самиот производ од нив т.е од ако го направиме истиот склоп со кинески кондензатори,а уште еден ист направиме со Wima кондензатори ќе се почувствува разлика во самата репродукција од тоj предзасилувач или засилувач.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12110
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Да дефинитивно ќе се почуствува разликата. Сум градел некои уреди со Кинески компоненти (вклучувајќи и кондензатори), разликата дефинитивно се слуша. Е сега, зависи од уво до уво, некој ќе чуе, некој не. Јас ја забележувам.

Но, ќе додадам дека не ја забележувам разликата помеѓу овие поквалитетниве кондензатори (WIMA, ROE) и оние ултра квалитетните (као демек „професионални“, кои и да се, ми спомнувале брендови и имам видено неколку кои се платени астрономски суми на пари, но мое лично мислење е дека не вредат толку колку што се платени). Поточен да бидам, има разлика во звукот, но е миимална и мене воопшто не ми пречи ;).

Инаку, цело време зборувам за блок кондензатори, ако станува збор за полупрофесионална или професионална опрема, електролитски кондензатори воопшто не доаѓаат во обзир, освен во исправувачка секција и за држење стабилен напон на краевите на операциските засилувачи, ништо повеќе од тоа. Значи, во никој случај да не поминува сигналот низ нив.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2918
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
И јас сум со мислење како и GigaWatt, купи си (се мисли на нарачај од надвор ;)) поквалитетни блокови без да забегуваш во некои екстремности од типот на AudioNote или слични, со тоа што јас би гледал секогаш работниот напон да им е предимензиониран - посебно ако се работи за лампашки уред. Имам читано добри критики и за некои руски NOS блокови и paper in oil кондензатори, имам дома некои такви од 6,8uF и 10uF и ми се допаѓа како звучат и покрај тоа што не се NOS туку користени... ;)
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3615
  • Gender: Male
јас за гитарско предпојачало дадов 250 денари за излезниот кондензатор,после транзисторот се става, ради ац напон да не се појави. на велзот од појачалото ставени се паралелно врзани повеќе кондензатори со различни вредности, заради линеарноста. На крај бев критикуван ради кристалниот зву- требало да има дисторзија гитарско појачало :S

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12110
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Со сложувам со LordZi за предимензионираноста на кондензаторите во аудио уредите (и за напон, но и за капацитивност, особено ако сигналот поминува низ блок кондензаторот), само, да не се претерува, се разбира ;). Предимензионираност, но во некои разумни граници (на пример, нема потреба да ставате кондензатор со работен напон од 2KV ;D, дури и кај најмоќните slave засилувачи, нема никогаш да се појави овој напон на краевите на кондензаторот ;)).

јас за гитарско предпојачало дадов 250 денари за излезниот кондензатор,после транзисторот се става, ради ац напон да не се појави. на велзот од појачалото ставени се паралелно врзани повеќе кондензатори со различни вредности, заради линеарноста. На крај бев критикуван ради кристалниот зву- требало да има дисторзија гитарско појачало :S

Не се замарај ;). Сум се судрувал со слични ситуации (им викам „сигналот е за никаде, уклипуван е у ПМ“, они ми викаат „остај, супер си е, не мрдај“ ::)... ОК дечки, нема проблем, како сакате вие, на крајот на краиштата, вие си плаќате ;) ;D).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3615
  • Gender: Male
Од кого беше критикуван?! Тоа се веке посебни случаи каде некаде е нагласено и какви кондензатори (со квалитет,толеранција ,керамички... или друг вид ,)се погодни за таа намена.
од гитаристите, цел засилувач имаше многу мала дисторзија, освен кога беше мастер или волуме(не помна кое ) пуштено до максимум, кога влезното коло дисторзираше, тогаш звукот наликувал на нешто, инаку бил исто како без појачало да свириш, само погласно :) ок им велам јас, ќе си земите дисторзија :) инаку мкт кондензатор беше на предпојачалото, а ан појачалото керамички 4,7 400в доста габаритен

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12110
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Знам што сакаат они ;D, они сакаат да „џ џа“ ;D ::). Се имам расправано со металци, знам што сакаш да кажеш ;D. Според нив, колку повеќе клипинг, толку подобро ;) ;D. Џабе им објаснуваш, не сваќаат ;D (чест на исклучоци, имам и такви сретнато, па ќе ти предожат нешто, некој добар предлог, има и некои што се разбираат, ама морам да признаам многу се ретки ;D).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Фина суптилна тема , ми се бендисува но немам што да додадам многу , во предходните постови  се спомна скоро се што е битно за звукот и кондензаторите .
Ќе кажам само дека кога се работи за засилувачи особено поквалитетни или со претензија да станат такви да се ставаат квалитетни биполарци(фолискиМКТ,  МКП,МКЦ , полистирен  за помали вредности)секаде каде што тоа  е возможно .Навистина влијаат на конечниот звук на засилувачот дули и промена на некој кондензатор кој изгледа како небитен а е на патот на сигналот.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6250
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
По насловот прво мислев дека се нуди објаснување за разликите на кондензаторите, во темата забележав дека всушност прашуваш кои се разликите. Затоа потенцирав во насловот дека се работи за дискусија
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни аршини/мерки/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline triology

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 162
па имам слушнато утред кои што бил направен со Wima кондензатори,а водено и уште еден ист уред кои што бил направен со Solen Fast i Epcos kondenzatori.Во првиот случај за разлика од вториот звукот беше многу отворен,светол во некои фрекфенции подетален,додека во вториот случај се доби потемен  звук,кои во ниските фрекфенции беше матен иако се работи за кондензатори кои што се доста скапи но во самиот склоп не го даваа максимумот од уредот.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12110
  • Gender: Male
  • Не фалширам
па имам слушнато утред кои што бил направен со Wima кондензатори,а водено и уште еден ист уред кои што бил направен со Solen Fast i Epcos kondenzatori.Во првиот случај за разлика од вториот звукот беше многу отворен,светол во некои фрекфенции подетален,додека во вториот случај се доби потемен  звук,кои во ниските фрекфенции беше матен иако се работи за кондензатори кои што се доста скапи но во самиот склоп не го даваа максимумот од уредот.

Уште еден доказ дека не се што е скапо е добро ;).

ПС: Мислам дека дискусијава вреди да заслужи еден pin на темата ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Сакам да поразговараме околу разликите кои што ги предизвикуваат различни брендови на кондензатори со иста вредност на ист проект,притоа што во некој ситуации има драстични разлики во резултатот-звукот.Па сакав да ве прашам на што се должи тоа?Што всушност се случува што прави разлики во крајниот резултат-звукот(репродукција)?Воедно истово прашање би важело и за потенциометрите и атенуаторите?
Кај биполарните кондензатрори бољи се оние со глатка фолија, со рапава се поефтините обични.
Кај блок кондензаторите најбитно е да бидат неиндуктивни,тоа зависи од начинот на мотање на фолијата. Поскапи се,али вреди,има разлика у звукот. Зависи и од диелектрикот, најбољи се MKP.
Кај потенциометрите влијаат паразитни капацитивности, а у однос на материјалот потрајни се оние со проводна пластика,графитните се тррошат и шуштат.

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Еве е дна листа на кондензатори и како се однесуваат во однос на звукот која ја имам веќе десетина години и мислам дека е од Озрен Билан и неговата книга( Акустика просторија).
Не ми замерувајте ако имам грешка.

(до администраторите предупредувам дека  називите морам да ги куцам на латиница не замерувајте така најчесто се сретнуваат на самите кондензатори)
Од подобри кон полоши (надолу)

-politetrafluorethan( PTFE, Teflon , Fluon)
-polistiren (stiroflex , KS)
-metaliziran polipropilen (MKP)
-polipropilen (KP)
-metaliziran polikarbonat  (MkC), politethraplat (MKT)
-polikarbonat (KC)
-metaliziran poliethen
-poliethen
-celulozni acetat (MKL )
-mica
-elеktrolit AL oksid (bipolarni , kruti, suvi, vlazni )
-tantalov oksid
-papir (MP)
- Keramicki потполно  неупотреблив

Друго се наведува дека треба да се внимава на механичката изработка (квалитетот на изработка на кондензаторите (бренд)
Исто битен момент е што се наведува дека премостувањето на  подобар и полош кондензатор е жива глупост односно не придонесува за поквалитетна звучна слика.

Лично сметам дека доколку не можете да најдете подобар МКП е супер кондензатор за повеќето примени во Скретници предзасилувачи и засилувачи дава стабилна и  избалансирана  звучна слика  и фини ненепадни високи тонови
Стирофлексот КС  е исто многу добар за влезен кондензатор во засилувач  секаде каде што може да се постави на патот на сигналот но и  во скретница на високотонец и среднотонец.
Дава особено чисти и отворени средни тонови што  лично многу ги бендисувам и високите се за нијанса почисти  од МКП.
МКЦ повеќе звучно ми се допаѓа од МКТ(има подобри средни тонови) иако на листата се еднакви.
МКЛ е добар за во скретница особено за среднотонец (дава добри средни тонови  но високите несе толку транспарентни и чисти како тие погоре на листата.
И керамички ич не ги ставајте никаде на пат на сигнал особено ако се работи за некој подобар засилувач .Во целина од кондензаторите и изборот на истите многу ви зависи вкупната звучна слика на засилувачот предзасилувачот или звучниците .
 На скретница не се штеди особено за високотонец и среднотонец па дури и треба да се избегнуваат керамичките отпорници од 5 или 10 вати на нивно место паралелно врзете повеќе   2 или 1 ватни(графитни или МОХ  за да добиете 5 вати со одредена вредност  .