Author Topic: Дали постои школо за курсеви по програмирање на микроконтролери ?  (Read 3988 times)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Ако има вакво нешто пишете контакт телефон/мејл/сајт
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
немама вакво школо сретнато до сега, а ни курс немам сретнато, по техничките школи можеби нешто работаат по дигитална електроника и микропроцесори, ама не верувам дека баш се опширно работаат, а можеби и по практична настава учат нешто основно

Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline warningteam

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 292
Хм.. сеа 50% би требало да има 50% нема.. До сеа и јас не сум слушнал за такво нешто ...

Offline Goce

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 366
  • Gender: Male
И јас немам слушнато за таков курс и ако има незнам колку би научиле дур не седнете сами прво да ја научите архитектурата сите регистри кој за која намена е како функционираат па после да учите инструкции дали асемблер или некој компајлер C, Basic, Paskal.
Ако не ја знаете архитектурата и учите само од примери не ке знаете што програмирате и ако сакате да направите нешто посложено бес познавање на архитектурата на микроконтролерот за кој пишувате програма не ке можете да се снајдете.

Offline najdo

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 421
  • Gender: Male
Јас сум 4 година техничко и учиме за оваа што бараш ама само за интел. Ама дека покје од пола клас се "таленти" и професорот поќе од к*р не не мавам. Иначе многу сака да научиме( а и плус уба работа е, ако ти фаќа глата пари можиш да земаш), ама то е то шо ке се прај. 

Споено мислење: 19.03.2012, Monday, 23:39:46
Како шо рече и Гоце, непостои таков курс, а и да постои ке ве скини од пари земање. Зато нас  професорот ни вели, Цитирам: "Незнајте колку сте глупи".

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Јас сум 4 година техничко и учиме за оваа што бараш ама само за интел.

Прва и основна архитектура е, сите модерни микропроцесори (па и микроконтролери) се градени врз база на неа. Дефинитивно не се исти, но основата (градбата, принципот на градењето) на секоја архитектура е Intel x86 архитектурата ;).

И се сложувам со тоа што го кажа Goce. Прво, фатете општо да читате и учите за архитектури на микропроцесори, бидејќи и онака микроконтролерите се „компјутери на мало“, но најбитниот сегмент од архитектурата на секој микроконтролер е CPU-то. Регситри, ASM комадни, како се извршуваат командите, колку процесорски циклуси се потребни за секоја од командите, општо како изгледа архитектурата на еден микроконтролер/микоропроцесор, како комуницира секоја од единиците (FPU, CPU, што и да е) со секоја од останатите преиферни единици (регистри, RAM, ROM).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline deophorant

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 300
A zosto nekoi od poiskusnite clenovi na forumov ne organiziraat takov kurs.

PS: Izvinete za latinicava

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
во план бевме, ама немаше заинтересирани луѓе, сите сакаа одма да почнат со куцање код, кога ќе им објасниш дека треба од 0 да се почни, од литографија на елемент па се до куцање, не им се допаѓа тоа, и очекуваат од примери да научат, епа ако не земете сами да пишите од пример не се учи

ако ништо повеќе земете го примерет скоро секој компајлер во денешно време има можност за надгледување и за извршување на програмата чекор по чекор со што ќе видите во кој момент што ви се случува со програмата и со микроконтролерот, така се учи да се програмира :)
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
A zosto nekoi od poiskusnite clenovi na forumov ne organiziraat takov kurs.
проблемот е што изгледа само јас сум заинтересиран, евентуално и уште некој ако има :) За тоа треба да се собереме барем 5 души па некој програмер да се нафати да ни одржи курс.
Делив, напротив, јас сум против тоа "учење во еден час" бидејки така ништо не се учи, значи треба од А до Ш и треба вежбање.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline ki4o01

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 213
  • Gender: Male

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
во план бевме, ама немаше заинтересирани луѓе, сите сакаа одма да почнат со куцање код, кога ќе им објасниш дека треба од 0 да се почни, од литографија на елемент па се до куцање, не им се допаѓа тоа, и очекуваат од примери да научат, епа ако не земете сами да пишите од пример не се учи

Сосема се согласувам, оваа работа не е баш „плукни залепи“, иако на многу луѓе баш така им изгледа дека е, најчесто не се свесни колку време и труд е вложено пред да може да се стигне до ниво самостојно да може определени луѓе да пишуваат програми за микроконтролери.

проблемот е што изгледа само јас сум заинтересиран, евентуално и уште некој ако има :) За тоа треба да се собереме барем 5 души па некој програмер да се нафати да ни одржи курс.
Делив, напротив, јас сум против тоа "учење во еден час" бидејки така ништо не се учи, значи треба од А до Ш и треба вежбање.

Можете и сами да почнете, не мора никој да ви држи часови, имате еден куп материјали, и на net и на форумов, јас имам upload-ирано барем две книги за мпрограмирање на микроконтролери од серијата PIC, едната мсилам дека беше на Англиски, другата на Српски, од која сакате, од таа почнете. Така се почнува ;). Иако, би ви препорачал да ја земете Анлиската книга бидејќи таму ја има објаснето (прилично бегло, но сепак објаснето е)  и архитектурата на микроконтролерите (општо, но и конкретно за PIC серијата), кој CPU регистер за што е, колку RAM/ROM меморија имаат PIC микроконтролерите, асемблерски команди, колку тактови се потребни за избршување на секоја од асемблерските команди и уште многу други работи.

Но, пред да почнете да читате и да учите, потребно е да знаете и многу други работи, како на пример, основни типови на логички порти, разлики меѓу TTL и CMOS технологија, табели на логичките функции, градба на логички функции (како всушност се изведуваат логиките кола во интегрираните кола, и за TTL и за CMOS). Имам и за ова поставено книга на форумов (Digitalna Elektronika од Spasoje Тeshich, се разбира, има и други книги на Англиски, не мора да биде баш оваа). Ова МОРА да го знаете пред да почнете да учите за микроконтролерите. Многу повеќе работи ќе ви бидат јасни ако го знаете ова. Инаку, многу работи ќе ви бидат нејасни и збунувачки, ќе се изгубите во материјалот, а потебно е да го сватите принципот на работа и ограничувањата на микроконтролерите бидејќи во принцип тоа суштината на програмирањето на еден микроконтролер. Исто така, пожелно е да ги знаете процесите на изработка на интегрирани кола, какви се, колку ги има, итн. За ова книга нема post-ирано на форумов, но има една книга на Македонски, се вика Микроелектроника, од проф. др. Томислав Џеков е напишана, ја имам како hard copy (црно на бело), но целата е исчкрабана од учење :S. Ако може некој да ми даде асална копија од неа (не мора да е оригинал, само да не биде некоја исчкртана копија од учење), ќе ја скенирам, не е проблем ;). Не мора се да сватите од неа, 50% од материјалот ако го сватите, повеќе од доволно е ;). Исто така, принцип на рбаота на D/A и A/D конвертори, и ова е многу битно за да можете да научите да работите со микорконтролери. Микроконтролерот нема друг начин на комуникација со „аналогниот свет“, па затоа му се потребни D/A и A/D конвероторите, за да може да комницира со нас, аналогниот свет ;).

Во принцип, ова се најбитните работи кои треба да ги знаете, но ова ни оддалеку не се сите работи кои (барем според мене) би требало да ги знае добар дизајнер на кола со микроконтролери. Ова би рекол дека е само почетокот. Тек потоа доаѓа на ред надградувањето и нвалегувањето во науката се повеќе и повеќе ;). Ова е константно еволуирачка наука, нови дизајни на микроконтролери се појавуваат секој ден, знаењето од оваа наука треба константно да се надргадува.

Значи, што всушност сакам да кажам:

1) Ова нема да биде ни оддалеку толку лесно како што мислите. Ако навистина сакате добро да ја научите оваа материја, бидете спремни на многу жртви, барем определено време. Не засекогаш, но определено време, ќе морате да го сведете културниот и забавен живот на минимум. Ќе морате да учите (не мислам да читате книги како да читате белетристика, туку баш да учите, значи, седнувате со кните пред вас на работна маса и решавате задачи, ичите, цртате шеми, што и да е). Најдобро е ако на почетокот пишувате се на хартија, а потоа и да пробувате во PC. Најдобро се учи (а и мозокот најдобро помни) ако е прво напишано на хартија ;).

2) Програмирањето е 99% дебагирање. Ова длабоко врежете си го во главата. Не се разочарувајте ако програмата на ви работи „од прва“. Не сте ни свесни колку е честа оваа ситуација ;D. Мене нитуедна програма не ми проработела од прва ;D. Тоа е сосема нормално ;). Луѓе сме, грешки правиме, не сме машини. Машината не признава грешки, па затоа се јавуваат тие error-и кога ќе пробаме да ја искомпајлираме програмата ;). Затоа, ако случајно се најдете во ситуација со часови да не можете нешто да решите или да сватите, одспијте или одморете, наредниот ден е попаметен ;).

3) Одлучете се за еден начин на учење, не мешајте по 500 книги и материјали. Мешајте само ако морате или само за да си дообјасните нешто, ако не е убаво објаснето во книгата која ја читате или ако воопшто не е ни спомнато. Ова е особено важно за апсолутните почетници. Ако видите дека e претешка за вас, преминете на друга, но само ако на повеќе места апсолутно (ни по многу обиди) не можете да сватите што е објаснето и напишано. Ова најчесто значи дека имате недостаток на знаење од некоја друга област, така да, не е лоша идеја да фатите да читате некоја книга или скрипта од таа област (на пример, логички порти, принципи на работа и дизајн на логички порти), да ви станат работите малку појасни, па да продолжите со читањето на книгата ;).

4) Ова е долготраен процес, може да трае и со години, така да, бидете стрпливи. Никој не станал учен преку ноќ. Тоа не е возможно ;). Ако сакате да научите да програмирате микроконтролери за месец или два, а претходно да немате основно познавање од логичките порти (на пример, не знаете нитуедна вистинитосна табела на нитуедна логичка порта), уште сега ќе ви речам дека нема да успеете да го направите тоа. Ова можеби звучи брутално вистинито, но така стојат работите. Причината за ова е всушност фактот дека микроконтролерите се „екстремно надградени логички порти“ (со оваа изјава нема да се сложат многу луѓе кои ќе го прочитаат ова, и во право се, но не знам на каков поедноставен начин да го објаснам ова), па затоа треба прво да имате прилично солидно познавање од оваа област, па да фатите да учите за микроконтролерите.



ПС: Ова е огромен текст и не знам кој ќе има нерви да го чита, но кој да го прочита, се надевам дека барем нешто корисно ќе извлече од него ;) ;D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
курсевите се организираат ако има доволен број членови. Мислам дека може да се најде начин во приватните школи. ако се соберите 5-6 души може да си прашате
Hams do it! With Frequency

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
има една книга на Македонски, се вика Микроелектроника, од проф. др. Томислав Џеков е напишана
Значи и да ја научам книгава пак нема да можам да програмирам доколку немам друго познавање за логичките кола, или во оваа книга се објаснети и логичките порти?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Goce

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 366
  • Gender: Male
Ако немаш познавање на дигитална електроника прво земи книга една од средно дигитална и импулсна електроника за 3 и 4 година за стручни училишта во неа ти се објаснети логичките порти регистри бројачи флип флопови мултиплексери демултиплексери програмибилни логички структури .... почни прво со неа.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Во ред, да ги купам следниве книги:

1. дигитална и импулсна електроника за 3та година
2. дигитална и импулсна електроника за 4та година
3. Микроелектроника од проф. др. Томислав Џеков

И ако сиве овие книги ги научам ке може да си правам свои програмчиња, односно HEXови
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.