Author Topic: Напојување со 7809 - 10А  (Read 2962 times)

Offline jocko

  • Нов член
  • *
  • Posts: 47
Напојување со 7809 - 10А
« Opened on 16.03.2012, Friday, 19:11:21 (Edited 21.03.2012, Wednesday, 18:33:43) »
Дали може некој да ми каже за овој напонски стабилизатор на сликата сакам да го изработам па ме интересира дали со еден транзистор можам да добијам 10А и колку вати треба да бидат отпорниците, стабилизатор е 7809



Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Исправувач 13,8 V 30A
« Reply #1 on 16.03.2012, Friday, 20:00:18 »
Па тој стабилизатор веќе дава 9V, не знам што треба да се регулира...
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Исправувач 13,8 V 30A
« Reply #2 on 16.03.2012, Friday, 21:30:09 »
неможе да се отвори сликата...а иначе 10А со еден транзистор малце потешко...уствари можно е тоа ама премногу ке се загрева тој транзистор...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline PCWizard

  • Нов член
  • *
  • Posts: 7
Одг: напојување со 7809 - 10А
« Reply #3 on 19.03.2012, Monday, 19:57:10 »
Јас мислам дека тоа 7809 неможе да издржи повеќе одм 1,5A, сеа не знам дали се работи за истото, јас мислам дека е од оние обичните, што се по 10 - 15 денари :D

electron

  • Guest
Одг: напојување со 7809 - 10А
« Reply #4 on 19.03.2012, Monday, 20:05:29 »
Јас мислам дека тоа 7809 неможе да издржи повеќе одм 1,5A, сеа не знам дали се работи за истото, јас мислам дека е од оние обичните, што се по 10 - 15 денари :D

Погледни ја убаво шемата, има додадено еден MJ15004 за да може да поддржи и голема струја.

Инаку според спецификациите МЈ15004 држи и до 20 ампери, па еден би требало да биде доволен.
R1 и R2 се од 5 вати, додека R3 1/4 ват.
За C1 доволно е еден електролит од 10 000 микрофаради.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: напојување со 7809 - 10А
« Reply #5 on 20.03.2012, Tuesday, 01:32:04 »
На сликата е прикажана шема за стабилизирано напојување, сакам да ја изработам па ме интересира дали со еден транзистор можам да добијам 10А и колку вати треба да бидат отпорниците, за С1 најмногу би користел 10.000мф

ВАка конципирано ,тешко 10А да издржи.Потребни се корекции и додавање на повеке * материјал*,транзистори итн.Погледај некои слични шеми имаше.По ова шема со прифатливо греење и стабилност би добил некаде до 5А.

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Исправувач 13,8 V 30A
« Reply #6 on 20.03.2012, Tuesday, 21:06:41 »
@jocko
MJ15004 е за исправувачи од 20А, и мислам дека оваа шема е за 20А исправувач, а и ако заприметиш електролитот е 22.000 mf, а по правило е барем 1 микрофарад на ампер струја. Без проблем ќе извадиш 10А. Иако транзисторот гарантира 20 ампери по datasheed сепак мислам дека е многу проста шема за 20А, ама 10А без проблем ќе тера.

пс. мислам дека за ова твое прашање треба да отвориш нова тема
Hams do it! With Frequency

Offline jocko

  • Нов член
  • *
  • Posts: 47
Одг: напојување со 7809 - 10А
« Reply #7 on 20.03.2012, Tuesday, 22:19:38 »
Не е проблем ако треба да се стават повеке транзистори, според вас со 2 транзистори би имал 8-10А?
И дали треба нешто друго да се менува или додава?

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Одг: напојување со 7809 - 10А
« Reply #8 on 20.03.2012, Tuesday, 22:33:37 »
мене ми е оваа шема многу чудна. Транзисторот е за 20А струја а контролерот за мала. Премногу проста шема за 20А. Мислам дека треба да направиш измени во контролерот. Електролитот добро кажува дека е за 20А ако се оди по правилото 1000 микрофаради за 1 ампер струја, ама како што кажувам многу чудна и проста шема за таа моќност
Hams do it! With Frequency

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3189
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: напојување со 7809 - 10А
« Reply #9 on 20.03.2012, Tuesday, 22:34:41 »
За 10А стави најмалце два транзистора, ако можеш три уште подобро, и емитерите поврзи ги преку отпорници 0,1ом/5вати.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline jocko

  • Нов член
  • *
  • Posts: 47
Одг: напојување со 7809 - 10А
« Reply #10 on 20.03.2012, Tuesday, 23:59:59 »
Прво ке пробам со 2 транзистори, па ке видиме како ке работи, сепак БЛАГОДАРАМ на сите што помогнаа

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Исправувач 13,8 V 30A
« Reply #11 on 21.03.2012, Wednesday, 00:16:33 »
@jocko
MJ15004 е за исправувачи од 20А, и мислам дека оваа шема е за 20А исправувач, а и ако заприметиш електролитот е 22.000 mf, а по правило е барем 1 микрофарад на ампер струја. Без проблем ќе извадиш 10А. Иако транзисторот гарантира 20 ампери по datasheed сепак мислам дека е многу проста шема за 20А, ама 10А без проблем ќе тера.

1000uF, не 1uF ;D. Претпоставувам логичка грешка ;).

пс. мислам дека за ова твое прашање треба да отвориш нова тема

Паааааа... да. Пожелно е да отвори нова тема во секицјата „Побарувања“ и да пише што му треба во неа. Во правилата има напишано како треба да изгледа наслов во секцијата за Побарувања ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Исправувач 13,8 V 30A
« Reply #12 on 21.03.2012, Wednesday, 00:25:21 »
па да, логичка грешка :) 1000 мф на 1 ампер струја
Hams do it! With Frequency

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Исправувач 13,8 V 30A
« Reply #13 on 21.03.2012, Wednesday, 01:00:43 »
Има повеке пропусти на шемата: прво би ставил барем 3 транзистори ,како и диоди спрема масата на ИК.Еве еден сличен исправувач.Друга замерка е што нема ниту струјна ни напонска заштита.Иако некој ке рече дека не треба,сепак би ја додал,како и електронски осигурувач .Оваквите комбинирани хибриди имаат проблем и со неадекватната дисципација на топлината,односно проблем е нееднаквото ладење на 78хх ,па поради тоа потребно е заедничко ладење на голем ладилник и некоја термичка заштита.Ова шема јас лично ја ставам во * ограничено ризични шеми* односно ,ако веке се работи за 10А стабилизација,јас би побарал посоодветна шема.Вака, ако мислиш дека нешто ке заштедиш.... ке ти кажам: правило е да не се штеди на ресурси во исправувач- секогаш прави го помасивен ,со доста резерва...

Offline jocko

  • Нов член
  • *
  • Posts: 47
Исправувач 13,8 V 30A
« Reply #14 on 21.03.2012, Wednesday, 07:56:22 »
Не се работи за штедење едноставно таа шема ја најдов на нет пошто ми треба фиксен напон 9в а поголема струја, ако си ја изработил оваа што ми ја понуди и ако е подобра ти благодарам