При работење компјутерот замрзнува работи зелената ле диода вентилаторите работат, компјутерот стои смрзнат додека не го рестартирам од копчето.
Некогаш замрзнува брзо некогаш бавно, некогаш не замрзнува додека го користам.
Кога ке вклучам age of empares замрзнува сигурно, времето за кое ке смрзне зависи од тоа колку нации ке одберам, ако играм со 2 смрзнува за 25 30 минути ако играм со 7 за 1 до 2 мин. После рестарт ако пак не ја уклучам играта може и да не блокира.
Играта ја инсталирав на 2 различни диска, различни копии (не е дефектна игра)
Плочата мислам дека е асрок процесорот е п3 933мнз сокет 370.
Има
2 Иде слота пробав и на двата и со два кабела, пробав само хдд, хдд и двд, пробав и на двата слота со по еден диск со виндовс и на дват прави исто, пробав и два диска како мастер и слејв пак исто.
Напоните во биосот ги пишува 12в е 12,12в, 5в е 4,87в, 3в е 3,33, немам мерено кога блокира компјутерот колку се.