Оваа зима во Транскоп-Битола имавме проблеми со акомулатори. Добро знаете дека екстремно ниските температури како оваа зима који паднаја до -28 степени доведуваат до празнење на акомулаторите. Автобусите користат два акомулатори сериски поврзани за 24 волти, секој од нив над 100 ампер часа. Оваа зима бев сведок на екплозија на три акомулатори.
Овој акомулатор беше во автобус кој не палеше и требаше да се пали со кабли од друг автобус. Дечкото кој што ги поврза каблите
(100 % тврдам дека не ги има згрешано половите на акомулаторот) ќе настрадаше кога автобусот верглаше за да запали. во тој момент експлодира, таква детонација немам видено. За среќа очите не се збогуваа од него бидејќи навреме со многу вода се изми и отиде на болница, помина само со лесна повреда на челото од пластиката што го тресна. Тоа беше кога во битола падна температурата -28 степени
гледате што остана од акомулаторот. марка Black Eagle
Овој акомулатор експлодира при самото паленје на автобусот.
Мислам дека и овој е од истата марка.
Се си мислев дека е поради многу ниските температури. Акомулаторите имаа доволно киселина. Не е можмо да се преполнети или да страдале од пренапон бидејќи реглерите на автобусите се исправни и се ограничени на 28 волти.
Следната слика е еџплодиран акомулатор од патничко комбе. На моторот на возилото моторните механичари извршиле генерален ремонт и го наместија моторот, поврзаа се па и акомулаторот. При самото палење на возилото одекна силна експлозија, јас бев на 20 метра одалечен и кога го слушнав тој звук се завртив и видов дека пластики летаат. За среќа немаше повредени.
Дали некој може да ми каже која е причината за вакви опасни експлозии? Акомулаторите не беа стари и половите не се згрешани при поврзување. Вакви работи се случуваат ретко, ама оваа зима три пати па сакав да знам која е причината и како можат вакви експлозии да се спречат