HARD DISK- TVRD DISK, BIDEJKI PORANO BEA MEKI,MEMORIJA -PAMET ,TAC- DOPIR,MULTI TASKINNG -ZBIRNO RABOTENJE
ILI ISTOVREMENO,ITN
Е, ако вака пишуваме, никој со никој нема да се разбере
.
Грешка си.. Имаме и ние зборови кој најчесто ги заменуваме со странски ама не ги знаеме сите пошо сме попримиле од други јазици за полесен и побрз изговор еве ти еден пример колку од луѓето го викаат маусот глувче ? многу малце.. скоро никој.
Повторно, ако зборуваме вака, скоро никој со никој нема да се разбере. Плус, само да видите американците како комуницираат, се им е кратенка, пример "r u OK?". И што им фали?
Неминовна последица на глобализацијата е ова, џабе се трудите да задржите нешто што не може да се задржи. За разлика од другите јазици, во нашиот јазик не може да се прават кованици, во Германскиот, Турскиот, Англискиот, може, така да, во тие јазици е полесно да се „измисли“ нов збор. Во Македонскиот не може да се прават, па мораме да превземаме цели странски зборови за некои термини.
Хм жал ми е што е така, но понекогаш еднотавно мора да користиме странски зборови. Пример како ќе го преведете interface ?
Сосема се сложувам, некогаш е неопходно, инаку ќе се најдеме во ситуација да не можеме да се разбереме што сакаме да кажеме. Сликовито објаснување на зборовите не функционира секогаш :S. Убаво изгледа како превод, но не е секогаш функционално, поточно, ретко е функционално.
Еве, на пример, зборот фединг, се користи како термин „директен превод“ од Англискиот fading, ама како ваков термин се користи само во радио техниката и телекомуникациите, така да, ако некој спомне фединг на сигнал, сите веднаш знаат за што станува збор, дека тој (кој и да е оној кој го спомнал овој термин) зборува за слабеење на сигнал од радио врска
, не мора да се дообјаснуваш дека станува збор за сигнал од радио врска
.