И полагаш *Програмирање* преку задачи,а компјутер не си ни видел...!??
Сосема се сложувам со овој систем. Вистинските кодери се одлични програмери и во Notepad. IDE е само помошно средство за да се прават помалку грешки и за да се забрза процесот. Според мене, сосема исправно е да се програмира на хартија.
И полагаат Word без компјутер пред себе,па се радуваат 8 ако земат...?!?! Тоа ли го сметате за успех??
Ова е веќе друг муабет, ова е веќе програма, не може да се работи без самата програма пред себе. Како што реков, за добар кодер, доволно е и Notepad, но ако немаат ни едноставен text editor, на располагање, малку штешко дека ќе успеат нешто да испрограмираат (освен ако не го пишуваат binary-то директно, што не верувам дека некој на планетава може директно да ги изведе, и ако некој може, најверојатно е единствениот кој може).
Секоја чест на исклучоци....... ама сепак би одел на друг принцип ,а не на Болонски! Тоа е повеке Моронски принцип,бар за мене,нема многу наука.Поготово ако ги начекаш прашањата па ги научиш само одговорите!
И јас се сложувам со оваа констатација. Точно е дека на стариот систем му требаа измени, но не во оваа насока... или барем не целосно во оваа насока. Се јавува масовно штанцање на дипломи, особено на техничките факултети. Проблемот не е штанцањето на дипломите, проблемот е недостатокот на знаење. Но ова не е нова работа, и ја нема само кај нас, ова земено од запад, начинот на учење е сменет. Во принцип, многу факултети се претворени во „занаетчиски работилници“. Се учи „занатот“, тоа што треба да се знае за да може некој ден дипломираниот студент полесно да најде работа, ништо повеќе од тоа. Самата суштина, „како и зошто тоа чудо работи“, не се предава. Но, како што реков, ова е светски тренд, не е само кај нас. Кај нас дојде меѓу последните.
Можеби кај вас е така, ама кај мене дефинитивно не е така. Ние цело време работиме на компјутери, дури и по некој предмети се полага на компјутер, но повеќето предмети како математика или некој сличен (кај мене скоро се е математика ), секако дека ќе го полагаш на лист .
Сосема исправно (барем според мене), НО, да не се корсти ништо друго освен text editor и компајлер (евентуално, освен ако не сака проферсорот/ката да го испринта тоа што сте го напишале и да го проверува рачно, што, повторно, барем според мене, е најисправниот метод, кодот рачно да се проверува).
кај нас нема ништо полагање на компјутер, програмирање се полага на ливче
Дефинитивно најисправен метод (повторно, според мене). Ако се полага на PC и во text editor, секогаш се јавува проблемот со „барање на додатна помош од некој извор“, кој може да биде се, од net, до IDE, до материјали, документи во PDF, што и да е. Секогаш ќе се најде начин „да се побара помош“ во ваква ситуација... дури можам да кажам дека и самата ситуација некако наведува на тоа (го имаш се тоа на располагање, а смееш да користиш само едно... некако не иде :S).
според статистиките кој ни ги кажа тој по електротехника нашиот клас бил еден од најретките каде што поминаа поголем дел студенти, претходните генерации многу помалку студенти од прва полагале испити и колоквиуми.
Често им е наложено да пуштаат, не се чуди.
незнам како е во скопје или велес, ама кога кај нас се решава задача се почнува од нула, значи се изведува потребната формула се решава со општи вредности и на крај се заменуваат бројки, доколку нема изведување (се користи готова формула) повеќе од пола од поените се губат, има еден со нас што учи кој се префрли од скопје од електро и рече дека таму користат готови форумули за решавање не им се бара да знаат да ја изведат формулата.
Нас не буткаа за користење на готови формули, но само ако е наведено дека не смее да се користи готова формула... или на еден или друг начин е имплицирано во задачата дека не смеат да секористат готови формули.
Дали мислиш дека доволно си научил некој предмет, а си го положил?? Дали имаш некогаш чувство дека си положил,а не си научил доволно?? Е,тука е проблемот.
Ми се има случено, не пречесто, но ми се има случено. НО, ќе напоменам дека скоро секогаш (дури и не ми текнува да ми се нема случено) сум се навраќал на материјалот пак назад, го доучувам, решавам испитни задачи, гледам дали можам да го применам барем дел од тоа што сум го научил во пракса, правам што правам, и друи потоа преоѓам на друг предмет.
Само ќе кажам дека најчесто (да не речам секогаш) кога ќе ми се случело да не научам испит целосно, а да го положам (иако, како што реков, многу ретко е ова), најчесто причината била немање на време, однсно недоволно време на располагање. Учам доста (не премногу, одвојувам време и за КЗЖ - Културно Забавен Живот), но сепак, некогаш едноставно немаш време, те притискаат термини и мораш да дадеш (на пример) 4 испити оваа сесија за да фатиш услов. И ќе гледаш, како знаеш, на овој или на оној начин да ги дадеш тие 4, ти зависат многу работи од тоа, меѓу кои е изгубена година... зошто да изгубам година дена од мојот живот за еден или два предмети? Нема причина, затоа, три ќе научам како што треба (со сите нишани), а еден, ќе гледам како знам да го положам.