Малечко и корисно програмче
. Генерира сигнал со определена фреквенција. Има неколку претходно зададени фреквенции, но можете и вие да си впишете ваша фреквенција, било која
. Баш го тестирав, одлично работи со ниски фреквенции, со високите, не толку добро, во принцип генерира и шум заедно со фреквенциите над 15KHz, но тоа и се очекува (тоа зависи и од аудио картицата и D/A конверторот во неа). Малечко е и компактно, погодно за транспорт
. Одлично работи и на Windows 7 и Windows Vista.