дебагерот не може да конвертира од хекс во асемблер, можеби ќе најдеш некој конвертор за 16Ф84 ама не и за поновите пикови
постапката не е така едноставна за да се претвори назад кога нешто е веќе конвертирано, треба да имаш големи познавања од реверс инжинеринг , плус доколку на било кој начин го добиеш асемблерот со конверзија тој е веќе преработена верзија која многу тешко ќе ја разбериш што е што
Hex-от е во принцип ASM фајл, само што е неразбирлив за нас во hex форма, треба да се преведат hex кодовите во ASM команди, само тоа треба да се направи, а бидејќи ASM командите за различни типови на микроконтроелри/микорпроцесори се разликуваат, потребен е debugger кој знае која ASM команда е врзана со кој hex код за конкретниот микропроцесор/микроконтролер, ништо повеќе од тоа. Тоа е работата на debugger-от, барем на оние кои се наменети за debugging на ASM ниво, како IDA или OllyDbg (може и source да им дадеш, но тоа не значи дека не може да се снајдат и со hex и binary).
Проблем може само да биде ако програмата има заштита или ако е компресирана. Само тоа може да биде проблем, инаку далеку е од тоа дека е неразбирливо ако нема заштита или компресија ставено на неа
.
Во секој случај, да се разбереме, нема да ти го извади оригиналниот ASM код, тој го има само developer-от, но и овој ASM код е доволно добар за работа
.