Како што кажа Борче, антената има жешко и маса. Масата кај токивокијата оди на самата плочкица а жешкиот дел оди во антената. Е сега, какви се тие loading coils?? Диполот (и перфектен нека е) сам по себе е небалансиран и само со балун може да се балансира. Антенчињата на токивокијата имаат антена така што изгледа како калем и кога ќе ја оптегнеме би требало да ја добиеме четвртината од брановата должина. Ова се вика трап антена затоа што се намалува просторот и големината на антената со помош на користрење на трапови.
Јас имам антени за 3.5 и 7 МХз кои се помали од 2 метра во висина.
Таксистите по колите ставаат истотакви антени (доколку имате видено антенки со спирали на почетокот) и ја користат масата на колата како маса за антената т.е. другиот крај на диполот затоа што на нив не им треба којзнае колква ефективност
И се сложувам со батка, книгата на Метзгер е најдобрата за овие работи.