Здраво, имам едно прашање во врска со компјутерско напојување (JNC 235ATX):
Излезите кога се неоптоварени имаат релативно големо отстапување: 5,8V (за 5V) или 11,18V (за 12V). Кога приклучив DC мотор на 12V, влечеше струја околу 350mA и напонот падна на 10,3V.
Малку ми е нелогично да има толкаво отстапување... Дали е нормално тоа или можеби има некој дефект? Унимерот не ми се верува да не е во ред...
Поздрав!