Цобе,читај малку - колегиве споменаа ДВД режач.Од него ке ја извадиш ласерската диода.таа е многу појака од она на детскиот ласер.Напонот на влез може и 9V да биде ,не е страшно тоа.Во прашање е подесувањето на струјата низ диодата.Во + водот кон ласерската диода ставете милиампер метар и со тримерот од 100 ома подесете струјата која минува низ диодата да не биде поголема од 20 мА!! тоа е многу битно.Инаку,гори диодата!! Дометот е и 50-100 м во мрак.Со овој ласер се пукаат балони ,се пали хартија,ама може и да се ослепи!!!! Затоа внимателно со ласерот и очите!!