Не знам зошто, ама форумот не ми прикажал дека темава има нови мислења, па еве дури сега видов.
Тоа што го бараш е доста специфична работа и сигурно не е ефтина, тешко дека некој тука на форумот има такво нешто, најдобро распрашај се по сервисите, еве за почеток можеш да видиш во оној на MAN, карши бензинската на Фершпед...
Знам дека е ефтина, а за специфична мислам и дека не е до толку. MAN сервисот "нема" за продавање таков уред.
Во МКД никој паметен нема да ти продаде такво нешто! Тоа е *златна кокошка*и знам двајца кои ја работат таа работа и наплатуваат 300-500 ЕУ.Еден тип на возило има еден софтвер и најдобро ,ако мислиш тоа да го работиш,да одиш на страна,таму да го купиш занаетот ( Италија е најблизу!) ,а потоа овде да работиш.Се на се се почнува со 3-4000 ЕУ.
Знам дека е златна кокошка, ама јас не сакам да го користам за други, туку за едни мои пријатели кои имаат фирма за превоз на патници и имаат поголем број на автобуси. Моментално им вршат работа Hisar Turizam и наплатуваат од 200 евра па нагоре. Инаку најдов јас еден Босанец кој продава универзален уред, ама проблемот е што тој само го продава и држи часови кај него дома, без никаква пракса. Му понудивме да дојде во Куманово со платен пат, престој и + за уредот и тој одби, па ми е сомнителен дали и самиот се сомнева во својот производ што го продава. А пак ако го купиме и не функционира со автобусите не сака да го врати. Значи мора со неколку автобуси да се оди во Босна и да се провери, што и не е баш примамлива работа.
@Steff_Maja, изгледа сме колеги, доколку работиш во автобуска компанија
Нене, не работам, но имам пријатели сопственици на фирма со автобуси.
Ако планираш да работиш дијагностика и промена на сензори по мотор ке научиш за брзо време тестерот кажува се а ако сакаш да сервисираш ECU,BSI,ABS,SRS,Immo...... треба да имаш огромно познавање на електроника да имаш од каде да се снабдуваш со делови дека кај нас неможеш да најдеш ништо многу од деловите се со кодови не е едноставна работа
Работата беше ваква. Со тој уред кога ќе се поврже на одреден конектор и со избирање одредена опција доаѓа до некој дефект/прекин кој што го испишува на екранот. Потоа според шифрата или името јас да кажам на механичарот каде е проблемот и тој физички да го отстрани. Значи има неколку луѓе (вработени) и еден од сопствениците кои се махери за механика, ама проблемот е што не знаат каде да бараат и што да прават. Значи треба да го растури целиот автобус за да поправи некој неисправен релеј или некој сензор за врата и сл.