Author Topic: Aкумулатор за скутер  (Read 712 times)

Offline Georgi

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 353
  • Gender: Male
Aкумулатор за скутер
« Opened on 20.03.2010, Saturday, 20:49:38 »
Значи вака имам скутер кинески 50cc акумулаторот му е за менување. Стариот акумулатор е 12V со 5.7Ah модел YT5L-BS. Барав и по продавници за автоделови и нет и гледам дека има од 4 и од  7Ah. По димензии и по модел YTX5L-BS  гледам дека одговара тој од 4. Еве го моделот на нет:
Code: [Select]
http://hamachi.mk/index.php?page=shop.product_details&flypage=flypage.tpl&product_id=686&category_id=36&option=com_virtuemart&Itemid=427Дали е доволен тој акумулатор. Пример ако ги занемариме димензиите за тој од 7 Аh 'да речиме дека пасира' дали би имало некаква штета на инсталацијата на струјата? И уште нешто, имам сијалички од 35W сакам да ставам бели од 55W дали би имало штета на акумулаторот или на нешто друго. Дали тој од 7Ah би ги задоволувал тие 55W?

btw. Како се пресметуваат овие Ah?

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: Aкумулатор за скутер
« Reply #1 on 20.03.2010, Saturday, 21:20:26 »
Најдобро е да ставиш оригинален акумулатор, но ако нема подобро е да ставиш малку послаб (4Ah) отколку појак (7Ah). Значи ова важи за кинеските скутери бидејќи тие се направени на „граница на функционалност“ што значи секаква модификација ќе ти даде полош резултат од тоа што е. Значи: неговиот алтернатор едвај може да издржи светла од 35W и да полни акумулатор од околу 5Ah. Доколку ставиш посилни светла или појак акумулатор (кој бара поголема струја на полнење) за брзо нема да се дополнува доволно акумулаторот и ќе се расипе многу брзо (ќе сулфатизира). Значи ниту да менуваш сијалици ниту да ставаш појак акумулатор туку добар е тој што го напиша.

Исто така да не се става акумулатор од UPS наместо акумулатор што е наменет за палење бидејќи тој од UPS има шанси да се стопи (имам видено такви проблеми).

p.s.: Ова за пресметка на Ah ќе има посебна тема на форумов, засега доволно е да знаеш дека 1 Аh (Ампер час) е доколку батеријата може да дава 1A струја во траење од 1час (и тогаш да е веќе празна). 4Ah значи дека акумулаторот може да дава 4A во траење од 1час или 1А во траење од 4часа (таа е математиката) меѓутоа никаде не е наведена максималната струја на празнење што во суштина е најбитна за палење.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline Georgi

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 353
  • Gender: Male
Одг: Aкумулатор за скутер
« Reply #2 on 20.03.2010, Saturday, 21:31:35 »
Фала многу.  ;)

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: Aкумулатор за скутер
« Reply #3 on 21.03.2010, Sunday, 01:22:40 (Edited 21.03.2010, Sunday, 01:53:37) »
Ве молам без навреди ако може, овде на пример може да има одличен енергетичар кој ќе прашува основни прашања за електрониката и не е проблем ќе одговорите. А и прашањето е на место бидејќи се праша дали некој има искуство со тоа и тоа што го направи што праша е паметно.

Темата е заклучена и навредливите пораки се избришани. Во иднина воздржувајте се од непотребни коментари надвор од подфорумот „Забава“ ;D
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.