на моторот има една кутија со едно реле внатре, провери дали тоа релето е исправно
Знам, го проверив тоа, и пишав дека му сменив друго. Нејќе да стартува :S.
Гледав некои туториали online како да се провери дали моторот на фрижидерот е исправен. Компресорот во фрижидерот е всушност мотор (колку што знам), а кондензаторот всушност му треба за фазно отклонување (колку што разбрав од тоа што читав
), за да може да почне да врти, бидејќи (во принцип), овие мотори се повеќефазни, првично биле наменети за трофазнонапојување, ама бидејќи многу домови немаат трофазно напојување, решиле да ги направат моторите монофази со додавање на кондензатор и (изгледа) намалување на бројот на намотки на моторот од три (за трофазен) на две.
Инаку, тоа реле што го викаш, не е реле, тоа е PTC отпорник со Overolad заштита. Не знам дали имате забележано, ако пуштите во работа фрижидер и ако пробате веднаш да го исклучите и пак вклучите, нема да работи, само ќе „клика“. Епа тоа е заштитата, не знам зошто но потребно е моторот да не работи неколку минути, околу 5 мислам дека се доволно, е потоа да се пушти во работа. Тогаш нема да се активира заштитата.
На мојот претоден стартер му беше извадена заштитата (сам ја извадив), едноставно ги преспоив пиновите за заштитата. Морав тоа да го направам бидејќи многу често се активираше :S. Се активираше и на сред работа, а моторот беше далеку од прегреан, топол, но не и прегреан. Така да, за да го пуштам во работа пак, или требаше да го извадам бушонот и да остане така изваден едно 20-тина минути, додека се излади заштитата, или да го извадам од штекер фрижидерот и да го оставам така изваден едно 20-тина минути и пак да го пуштам. Се разбира, не можам ова да го правам 2 или 3 пати дневно, колку што му се случуваше, и едноставно, ја извадив заштитата. Знам, подобро решение ќе беше да земам цел нов стартер (PTC со Overload заштита), но тогаш не мислев така... сега е доцна.
Еве како изгледа се тоа шематски, ќе го прескокнам степенот со термостатот поради поедноставување на приказот, бидејќи термостатот и онака не е ништо повеќе од „глорифициран прекинувач“.
Е сега, кај мене, целиот овој систем е заротиран, не е вака како на сликата туку е заротиран на десно за 120 степени (третина круг, всушност контактите за намотките се заротирани изгледа), само што и некако чудено е врзан кондензаторот. Ако има потреба, ќе нацртам како изгледа врската кај мене, не е проблем.
Како и да е, читав дека компресор се проверува дали е исправен врз база на отпорноста на намотките на моторот (логично нели
). Е сега, јас мерев и ка мене вака јавува.
Јас колку што знам, намотки на мотор не треба да даваат повеќе од 200, 300, 400 оми отпорност (иако и ова е многу, ама нема везе), што најверојатно значи дека некоја од намотките е во прекин. Арно ама, не сум сигурен за ова, така да, ако може некој да ми потврди дали ова е навистина вака, би бил благодарен
.