Значи изгубив живци со ова, 100% не е до влезната отпорност пробав со многу различни вредности. За тоа што ми покажува до 20V тоа нешто е до мерното подрачје, 19.99V ми покажува а повеќе не, без разлика на влезниот сигнал. За проба го избаждарив да ми кажува 3V помалце. Кога му ставив на влез 22V волтматаров покажуваше 19V, што значи и при погалем влезен сигнал покажува (не е до влезната отпорност) а ако го зголемев напонот над 23V односно вредноста на волтматарот префрли 20V ми кажува дека е надвор од рангот. Дали колово има нешто врска со мерните подрачја, треба да се менуваат? Запирката сега е на две децимали, пробав и на една исто беше...
@Борче
Го напојувам со 9V батерија па потоа со 7805 го стабилизирам. Може затоа што нема електролит да е играњето на на децималите?