Author Topic: Волтметар со ICL7107  (Read 91572 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Волтметар со ICL7107
« Reply #45 on 13.09.2010, Monday, 18:19:17 »
За мерење на високи напони можеш секогаш да купиш 10:1 сонда ;). Само што тоа што ќе ти го прикаже на дисплејот ќе боде 10 пати помало од реалната вредност, така да на крајот само ќе му додадеш една нула ;).

Инаку во моментов мислам дека само ESR метар се исплати да се гради (од овие малку покомлицираниве мерни инструменти), друго ништо, дури ни мерачи на капацитиност и индуктивност, околу 2000 денари се и имаат сосема солидна прецизност (баш имам купено еден таков евтин, UNI-T).

Ама ова е мое мислење, секој си има право на свое ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3059
  • Gender: Male
Одг: Волтметар со ICL7107
« Reply #46 on 26.09.2010, Sunday, 17:11:10 (Edited 26.09.2010, Sunday, 17:25:37) »
Дечки дај кажете што е финтава со волтметарот.Го изработив и сега ми покажува на првиот дисплеј -1 а на третиот само точката и дали мерам нешто или не мерам истото е си покажува една цифра >:(?Немам апарат иначе ќе го сликнев :). Му ставив отпорник од 12К да мери 200V и запирката е на третиот дисплеј од лево. :D

EDIT:Дали има врска кондензаторот помеѓу пин 31 и пин 30,јас ставив од 100nF,а требало од 10nF?
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3189
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: Волтметар со ICL7107
« Reply #47 on 26.09.2010, Sunday, 18:15:33 »
Епа стави 10n, тие бар се ефтини, па ќе видиш дали е до тоа ;). Пробај уште извади го отпорникот 12к за да мери до 2V и види со батерија 1,5V дали покажува нешто, ако не работи тогаш имаш некоја грешка во поврзувањето или некој неисправен дел. Исто така, волтметарот не смее да се напојува од истиот напон што го мери, мора да е галвански одвоен од него, иначе отиде интегралецот :o
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3059
  • Gender: Male
Одг: Волтметар со ICL7107
« Reply #48 on 26.09.2010, Sunday, 18:26:24 (Edited 26.09.2010, Sunday, 18:38:23) »
Jaс пробав да мерам 9V батерија,а како иначе галвански да ја одвојам?

Споено мислење: 26.09.2010, Sunday, 18:38:23
Мислам дека MarkoMK имаше поставена како шема за галвански одвоен извор на напон со ICL7107 ама за трансформатор,а како се одвојува батерија да не знае некој? ;D
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3189
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: Волтметар со ICL7107
« Reply #49 on 26.09.2010, Sunday, 18:46:25 »
Ако го напојуваш волтметарот со батерија , а мериш некој друг напон немаш гајле, не смееш да го прилкучиш на истиот напон што го мериш (на пр. некој лабораториски исправувач), мора преку посебен грец и исправувач, а најдобро преку посебна намотка на секундарот од трафото.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3059
  • Gender: Male
Одг: Волтметар со ICL7107
« Reply #50 on 26.09.2010, Sunday, 18:48:14 (Edited 26.09.2010, Sunday, 20:24:57) »
Ако го напојуваш волтметарот со батерија , а мериш некој друг напон немаш гајле, не смееш да го прилкучиш на истиот напон што го мериш (на пр. некој лабораториски исправувач), мора преку посебен грец и исправувач, а најдобро преку посебна намотка на секундарот од трафото.
Ааааааа сега те разбрав ок фала LordZi! ;D

Споено мислење: [time]26 Септември 2010, 19:39:57[/time]
Леле бре ама ме зафкава волтметаров пак го баждарев и сега пак истото ми го покажува -1 па на третиот дисплеј само точката,а сега после 3-4 секунди ми покажува -000.9 и никако да се стабилизираат последните две цифри,ги кратко споив + и - од волтметарот и божем пак да го баждарам со тримерот пак исто си покажува -000.9 и скока,земав една батерија од 9V полу празна ја мерев со друг инструмент и ми покажува 6V а со овој со ICL7107 ми покажува 22.15 , 23.45 и 25.16V чаре некое,па дур ја мерев батеријата пак го баждарев со тримерот ама џабе пак си седи на тие напони.Му се има случено на некој ова? >:( >:( >:(

Споено мислење: [time]26 Септември 2010, 20:24:15[/time]
ААААААРРРРРРРРРР >:( >:( >:( >:( >:( ги изгубив нервите со ова!Сега го направив да мери до 20V и му ставив нов кондензатор од 10nF и пак зафркава пак си покажува некои ретардирани цифри ;D.Има ли некој паметен што живее во Скопје да му го дадам да го ѕирне?Ќе му платам само да ми го поправи дур не сум отишол у лудница! :D ;D
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Волтметар со ICL7107
« Reply #51 on 26.09.2010, Sunday, 23:47:36 »
Леле бре ама ме зафкава волтметаров пак го баждарев и сега пак истото ми го покажува -1 па на третиот дисплеј само точката

Ако мислиш на четвртиот дисплеј, а не на третиот (односно на првиот од лево), тоа значи Out Of Range или Over-Load (на некои волтмтери пшува OL место -1), што значи дека мерениот напон му е надвор од мерното подрачје ;).

а сега после 3-4 секунди ми покажува -000.9 и никако да се стабилизираат последните две цифри,ги кратко споив + и - од волтметарот и божем пак да го баждарам со тримерот пак исто си покажува -000.9 и скока

Пробај смени го тример отпорникот за баждарење, од 10K со отпорник од 100K или некоја слична вредност ;).

Со што го напојуваш волтметарот? Батерија, стабилизиран извор за напојување?
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3059
  • Gender: Male
Одг: Волтметар со ICL7107
« Reply #52 on 26.09.2010, Sunday, 23:51:54 »
Волтметарот го напојувам со 9V батерија па на регулатор LM7805 па на него.На првиот дисплеј од лево ми покажува -1,а на третиот дисплеј од лево ми ја покажува точката,ама сега пробав со 20V-ната верзија и ја поместив запирката за едно место по лево ама пак исто си покажува -1 и на вториот дисплеј од лево е точката,после пробав и со 2V-ната верзија и џабе пак исто си покажува -1.
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Волтметар со ICL7107
« Reply #53 on 26.09.2010, Sunday, 23:53:13 »
Волтметарот го напојувам со 9V батерија па на регулатор LM7805 па на него.

А извор на -5V?
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3059
  • Gender: Male
Одг: Волтметар со ICL7107
« Reply #54 on 27.09.2010, Monday, 00:01:05 »
А извор на -5V?
Како извор на -5V користам NE555 еве шема,инаку macobt ми ја даде шемата за волтметарот заедно со штампата и генераторот на -5V се заедно спаковано во WinRar.Инаку кај што пишува за C7 јас ставив од 22uF тоа да не има нешто врска?

If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Волтметар со ICL7107
« Reply #55 on 27.09.2010, Monday, 00:05:07 »
Можеш да ја измериш вредноста на напонот кој на излез го дава овој инвертор? Дали навистина е -5V во однос на маса и дали паѓа напонот кога е пуштено колото во работа (мислам на ICL-от)?
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3059
  • Gender: Male
Одг: Волтметар со ICL7107
« Reply #56 on 27.09.2010, Monday, 00:10:31 »
Можеш да ја измериш вредноста на напонот кој на излез го дава овој инвертор? Дали навистина е -5V во однос на маса и дали паѓа напонот кога е пуштено колото во работа (мислам на ICL-от)?
LOL напонот помеѓу маса и -5V од NE555 е 0,52V и стабилен е хах ;D,значи заклучок не е добар инвертерот.Инаку колку е ICL7660 во логинг и во гац? ;D
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Волтметар со ICL7107
« Reply #57 on 27.09.2010, Monday, 00:14:51 »
Прво пробај да го напојуваш со стабилзиран извор за напојување, колку да видиме дали ќе работи ;), ако имаш стабилизиран извор за напојување, ако немаш, заедно со 7805 стави и еден 7905 стабилизатор и доведи му негативен исправен (со грец и филтерски кондензатор од околу 1000uF) напон (во однос на маса) и види дали ќе работи како што треба колото ;), да не трошиш за џабе пари за ICL7660 ако има уште некој проблем во колото освен овој ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3059
  • Gender: Male
Одг: Волтметар со ICL7107
« Reply #58 on 27.09.2010, Monday, 00:16:41 (Edited 27.09.2010, Monday, 03:23:01) »
Aј ќе видам ќе одам утре до гац да земам LM7905 и ќе видам што ќе напраам. :D
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
Одг: Волтметар со ICL7107
« Reply #59 on 27.09.2010, Monday, 07:32:52 »
Абе јас овој волтметар го правев според шема од Емитер, таму само 7905 имаше и за +5В и за -5В...

Може за тоа не ми функционира баш нај нај...
Life is too short to remove USB safely ..