За проба ја направив онаа шема што ја прикачив погоре и таа работи ама заза, еве што прави, кога ке допрам со прст се активира и по некое време се гаси, е сега проблемот е што некогаш заборава да се изгаси и си стои активен склопот. Зошто "заборава" ? Во тој случај кога заборава треба да ја доближам раката до склопот за да се изгаси (значи не допирам туку само ја доближувам). Трета варијанта сам се активира и сам се гаси. Зошто сево ова?
Иначе има разлика меѓу NE555 од Хитачи, ST и Е. Сите различно реагираат, еден е тром, друг тешко реагира...