Ајде, еве нешто за сите студенти
. Програмов не е баш поврзан со електрониката, но на определен начин е, бидејќи и електрониката е егзактна наука, па следува дека математиката е неизбежен дел од неа
. Со ова програмче можете да ја најдете вредноста на било кој определен интеграл. Пробав да видам дали работи со некои нерешливи интеграли, како на пример e
x2 и се изненадив кога ми врати назад логична вредност
. Значи, овие интеграли се нерешливи, но тоа не значи дека не може да се прсмета нивната вредност со помош на определени статистички методи
. Изгледа токму дел од овие методи ги користи ова програмче
. Значи, програмот не го дава назад решнието на интегралот (равенката која ќе се добие пред да се применат границите на интегралот), туку само ја дава неговата вредност.
Искрено, мислам дека ќе ви се најде при некои пресметки програмчево, особено практични пресметки каде и не е баш многу важно кое е решението на интегралот, туку неговата вредност
.
Се разбира, нема многу да ви служи при решавање на испитни задачи
. Мора да стигнете до крајната равенка со изведување, тоа е поентата на самата задача
.