Од друга плоча немам биос.... Интегралецот ми го дадоа, ми рекоа дека е празен и дека има 2mb простор.
Иначе интегралецот од матичната го вадев со 2 рамни штрафцигера.. и пипците излегоа прави но имаше некои скршени.. се гледа на сликата.
Колку слободен простор имал стариот BIOS? Да не имал повеќе или помалку? Ако имал повеќе, flash-увањето со овој CMOS чип сигурно нема да функционира, ако има повеќе, можно е да функционира, но исто така, можно е да прави проблеми, се зависи од тоа како ќе се читаат адресите за мемориските локации од BIOS-от.
Стави го празниот чип на плочата и види дали ќе се поајави некоја опција како load CMOS или flash empty CMOS, flash empty EEPROM или нешто слично. Можно е да има таква опција самиот chipset. Ако нема, не верувам дека ќе најдеш некој кој има екстерен flash-ер за CMOS мемории од BIOS-и. Порано правеа вакви услуги некои луѓе, најчесто оние кои повеќе се разбираа од електроника по фирмиве за компјутери, па го имаа направено или купено Willem програматорот, но колку што имам видено, се помалку и помалку се нафаќаат луѓе на вакви работи. Не ради друго, компјутериве веќе се навистина евтини, не се исплати. Моментално на старо можеш да купиш и Core2Duo за 100-тина евра, и тоа со сосема дослидни делови на неа. А за ваква услуга, реално гледано, треба да ти наплати 1000 или 2000 денари (заедно со тестирање и монтажа на матичната плоча).