Ова е побарување за помош со кабли за свеќици, значи не се нуди никаква шема или било каков тип на информација поврзана со Автоелектроника. Од овие причини, темата е преместена во
Побарувања --> Автоелектроника.
Можеш да пробаш да си направиш сам кабли од демагнетизатор на CRT телевизор или монитор. Тие кабли се прилично дебели, единствен недостаток им е изолацијата, мислам дека е обичен изолирбанд, но со некое црево можеби може подобро да се изолира, на пример термоотпорно силиконско црево
.
А може и да си купиш готови силиконски кабли, околу 200 денари е метар во Електроелемент. Тие се трожилни, но можеш да ги искористиш сите три жили од кабелот за носење на струјата до свеќиците
. Каблите се огноотпорни и може да се користат на места кои имаат високи температури, мислам дека се класифицирани дека може да издржат температури до 300 степени, ама не ме земај за збор. Се користат за поставување на инсталација во печки, така да, би требало да вршат работа и за ова
.