Некои појаснувања за оние кои мислат да набават нов компјутер:
- Преслушајте се што сакате да работите,колку пари имате на располагање и потоа одите во продавница
- Видете прво што нуди фирмата.Многумина земаат каталог од повеке фирми ,па дома седнуваат ,гледаат,размислуваат и
прават планови.Значи,во продавница влезете веке подготвени.
- Прво прашање кое ке го добиете е : * За што ви треба компјутерот?* или * До колку пари планирате да потрошите?*.Ова второво прашање веке оди малку на можност * ако може за тие пари да ви дадеме нешто од нас скроено!*
- Распрашајте се за можностите,перформансите и особините на деловите кои ке се вградуваат.Ако ви се нуди некоја бренд- конфигурација ,побарајте ја најслабата компонента - сигурно ја има - графичка,рам,матична и споредете ја со следната појака на изботот.
- Секоја компонента има свој гарантен рок! Не го заборавајте го ова - важно е многу!! По закон ,на Гарантниот лист мора да е запишан серискиот број на вградениот дел и гарантниот рок.Кај нас стои и цената ( со и без ДДВ!).Ова е битно бидејки не е се исто дали земате матична со 2 години,ХДД со 1 година и РАМ со 3 години гаранција.Бренд-нејм конфигурации обично имаат идентична гаранција на деловите ( освен напојувањето!)
- Најголем проблем е ако земате дел по дел- сте купиле пред 3 месеци матична,сега купувате ХДД,а планирате РАМ и ДВД да земете по 3 месеца.Некои фирми ке ви направат проблем ако при формирањето на компјутерот тој не проработи.Ке каже некој - како е можно!?? Можно е иако деловите се добри,нови исправни.Досега сме пишувале на Форумов дека некои графички и матични прават конфликт.Исто важи и ако ставате 2 РАМ мемории од различити серии и производители... Најдобро е наеднаш да ги земете деловите и веднаш некој да го склопи(ако вие не знаете!),најдобро некоја фирма,а не комшија што се знае!!
- Куќиште - верувајте највеќе копја се кршат тука - кога цела фамилија доаѓа да бира компјутер ( читај - куќиште!!) тоа може со саати да трае.Сите кукишта со дадена цена се исти,само предната пластика е подруга.Гледајте УСБ и конекторите за звук да се повисоко за полесно да се снаоѓате.Прашајте дали на вашата избрана плоча предните конектори за слушалки и микрофон ке работат ( некои плочи не го поддржуваат тоа!!).
- Избор на монитор - освен големината ретко се гледаат некои перформанси.Тие и онака се слични,па малку се посветува на мониторот,освен на изгледот.
- На крај,ако немате маса за компјутерот - направете си пред да го купите.Сами или кај професионалец,готова - пазите ,ако работите со десна рака - гледајте кукиштето да ви биде на десната страна од вас поставено! Не е смешно,бидејки мајсторите воглавном тераат по свое.Смешно ке биде ако отпосле дојдете да барате * продолжен кабел за глушец и тастатура* бидејки мајсторот ви ја определил левата страна да биде за кукиштето,па ви треба барем уште метро кабел за глушецот да стаса на вашата десна рака.Исто важи и за тастатура,УСБ хаб итн.
- На крај- звучниците кои ги добивате со компјутерот не се некој квалитет - имате од оние кои се приклучуваат постојано во напон 220 V и греат,.Ако имате можност да бирате земете си од оние кои се напојуваат од УСБ портот,па со исклучување на PС-то се исклучуваат и тие.
Ова се само дел од проблемите со кои би се сретнале.Извинете ако нешто пропуштив!