Со Anhoch до сега сум имал најдобро искутво. Деловите се исти секаде, без разлика дали од Anhoch сум ги земал или не, ама ако ти се зезне нешто, само треба да отидеш до претставништвото на Водњанска, најчесто ќе добиеш ново, а и да не ти дадат ново, делот или PC-то ти е на сервис максимум ден или два, не и повеќе од тоа. Услуга на ниво, за се има гаранција, а и да нема гаранција делот, го употребуваат новиот закон за потрошувачи, односно дури и делот да нема гаранција, самата фирма мора да му даде 6 месеци гаранција.
А за тоа што рече batka, дека послениве неколку години има навситина бофал роба, во право е. Тоа е особено точно кај нас, кога брендови како Hantol и Gembird се de facto стандард за компјутерска опрема, а на светско ниво, истите се шљам. Тоа е тоа, гледајте ако можете да избегнувате производи од овие фирми, не знам дали сте отвориле некој производ од овие брендови, ама можам да ви кажам дека внатрешната изработка е блиску до катастрофа
. Подобро купете нешто поскапо, дури и дупло поскапо, барем нема секој месец да го носите на сервис делот.
За Niko се сложувам дека се прескапи, ама сега, имаше еден период кога беа најевтина фирма во Скопје. Јас имам земено PC од Niko кое сеуште ме служи, ама го купив само поради тоа што беа единствени кои ги носеа плочите на Abit во МК, а можам да кажам дека еден период беа најдобри и најиздржливу плочи на пазарот, се додека на пропаднаа, штета :S. Подоцна, кога се појавија DualCore и Core2Duo плочите, и не беа нешто најбрзи плочите, па и нај „клокабилни“, како што сакаа да се рекламираат сами себе Abit, ама па затоа сеуште си го задржаа квалитетот, тој период, па и подоцна, до ден денешен, сите производители ги префрлија своите фабрики во Кина, само Abit ги оставија фабриките во Тајван
. Претпоставувам дека затоа и пропаднаа, немаше начин да остане фирмата на врвот и притоа да има конкурентни цени со остантите производители, кога трошоците за производство во Тајван се сигурно поголеми од оние во Кина. Штета што сега нема некоја фирма како Abit, која сака да си држи некое ниво на квалитет и знаеш дека што и да земеш од нив ќе ти трае барем дупло повеќе од било кој друг ако купиш :S. Сега како добри замени би ги навел Asus и Gigabyte плочите, иако и кај нив во принцип важи правилото „како ќе ти се погоди“ :S.
За Set, немам некое лошо мислење, не се прескапи според мене, но немаат некоја квалитетна роба. Особено не лаптопи. Застапници се на Asus, така да, мораат да ги продаваат тие лаптопи, иако сите знаат дека Asus лаптопите и не се нешто баш нај нај, не се лоши, ама не се нешто WOW, класа повисоко се од Acer и некои други фирми, ама далеку се од Toshiba, Fujitsu-Siemens и Sony. Што знам, мене не ми оставиле некој лош впечаток, но не можам правилно да судам, не сум купувал од таму често, само сум купувал ако сум немал избор, или ако некој дел не сум можел да го начекам на друго место.