Кристалите не се стандардни, во зависност од потребата се става одреден кристал, во зависност од тоа на колкав такт треба да работи мцу-то
ако сега на овај дизајн ти поставиш 4MHz тогаш тој најверојатно ќе работи (пошто е глупа шема) но ќе работи многу побрзо, така да ако има некоја мелодија која треба да се репродуцира ти ќе добиеш зуење
кондензаторите се поставуваат во зависност од кристалот, најчесто производителите на кристали сами кажуваат која вредност треба да се кондензаторите, НО кај нас е многу тешко да се најде кристал кој не е произведен во кина и на кој има назначено вредност на кондензатор, па поради тоа најчесто се ставаат од 18pF до 28pF некој кондензатори (може и повеќе и помалку, ама тоа е од прилика вредноста)
сигналот претпоставувама се генерира како PWM па со што нема да има голем проблем микроконтролерот
отвори ја шемата со протеус (isis 7) и испитај ја, пупшти го да се симулира колото, со двоклик на пикот ќе ти изези едно прозорче каде треба да го вметнеш (треба да се избери кај се наоѓа кодот) тоа кодот, под него има некоја вредност во MHz тука се менува работниот такт намикроконтролерот, тоа што е нашемата е за џабе поставен ако се симулира со програмава, нема некоја голема улога, таа вредност која ќе ја зададеш ти, на таа работи
стави на излез кај звучникот тоа осцилоскопот што е и симулирај види што се случува