Да напоменам дека во првиот пост за простирањето на радио брановите го пишував со идеа за експериментаторите што изработуваат AM и ФМ предавателчиња кои би ги „фаќале“ на обични радио приемници купени од пазар со одетливост од 2-3uV и стандардна ширина на канал а не за професионални радио скенери со подесива ширина на канал и осетливост 0.3-0.5uV блиска до теоретското ниво на шум. Значи баш наменето за хоби електроничари кои би се радувале ако им „фаќа“ предавателот низ мала.
Јас добро знам дека радио аматерите се алергични на овие „илегалци со бубици“ но во суштина тоа е начин да се заинтересираат за електрониата и тоа е всушност тоа што се памти и прераскажува и нема лутење, едноставно нема секој можност да работи со професионални радио станици или да полага испит за радио аматер само за да може да проба некоја работа кој има шанса да го заинтересира