Абе ,како резонираш- ако заврне ,се пропадна!Не е така! За да се намали пропагацијата (простирање на радио брановите),треба да се исполнат повеке услови.Пропагацијата се менува со промена на годишните времиња( во зима пропагациите се воглавном подобри),сончевите ерупции,дали е ден или ноќ(ноќно време пропагациите се поголеми!),дали се зголемува или намалува атмосферскиот притисок,дали паѓа или расте температурата,дали има електрични празнења,дали наближува невреме итн. Во различити услови и на разни места еден ист предавател може да има домет од 1 до 10 км ! Впрочем јас највеке сум сакал да работам на KT со QRPP предаватели на 3,5;7;14 и 28 Мхз и тоа со 5 ватен ТХ на 7 Мхз со инвертед В антена сум постигнувал домети 600 -700-950 км со CW емисија.Со Моме во Куманово сме работеле со 50 вати на 144 Мхз преку метеорски трагови и директно одбивање преку месечината.Неблагорадно е да се зборува однапред за домети.Аматерите секогаш се стремат со подобра антена,со разместување на предавателот ,со експериментирање со снагата,осетливоста на приемникот и сл. да го зголемат дометот на предавателот.Значи не е само да ставиш појак транзистор на излезот и да добиеш поголем домет.Дометот се постигнува и со други работи.