Author Topic: Простирање и практичен домет на радио сигнали  (Read 83927 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Иам големо влијание! За ФМ врските потребна е добра оптичка видливост пред се.Понатаму,пропагацијата зависи и од атмосферските прилики: дожд,магла,снег кои го влажат земјиштето и го  прават такво да го *впива* сигналот.Одбивањето на ФМ сигналите е подобро во ведра ноќ,кога со мали снаги се работат и метеорски трагови ,одбивање од Месечината.Мајстори за ова се Штипјани ,ама и Моме од Куманово! :D :D ;D

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
значи иако не е фрекфенција над 1GHz (или 2,4GHz) пак 3m банд се впива во водата. Иначе зборам за релативно мали далечини како 1.5-2km, и тогаш има големи загуби на 88-108МХз?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
88до108 Мхз спаѓа во УКТ подрачје.ВиФи 2,4 Гхз е сосема друг банд ,со други карактеристики на емисија и не можеш така да ги споредуваш.Фм има поголема продорност,се работи со поснажни предаватели и поголеми домети.Емисиите на 2,4Гхз се сосема друг тип со ограничен домет поради своите карактеристики .

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
добро а ако пуштиш еден 3m предавател од 500mW а имаш приемник на 1,5km и се слуша супер а после пуштаме дожд и одеднаш се намалува сигналот за 50%, нормално ли е?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Абе ,како резонираш- ако заврне ,се пропадна!Не е така! За да се намали пропагацијата (простирање на радио брановите),треба да се исполнат повеке услови.Пропагацијата се менува со промена на годишните времиња( во зима пропагациите се воглавном подобри),сончевите ерупции,дали е ден или ноќ(ноќно време пропагациите се поголеми!),дали се зголемува или намалува атмосферскиот притисок,дали паѓа или расте температурата,дали има електрични празнења,дали наближува невреме итн. Во различити услови и на разни места еден ист предавател може да има домет од 1 до 10 км ! Впрочем јас највеке сум сакал да работам на KT со QRPP предаватели на 3,5;7;14 и 28 Мхз и тоа со 5 ватен ТХ на 7 Мхз со инвертед В антена сум постигнувал домети 600 -700-950 км со CW емисија.Со Моме во Куманово сме работеле со 50 вати на 144 Мхз преку метеорски трагови и директно одбивање преку месечината.Неблагорадно е да се зборува однапред за домети.Аматерите секогаш се стремат со подобра антена,со разместување на предавателот ,со експериментирање со снагата,осетливоста на приемникот и сл. да го зголемат дометот на предавателот.Значи не е само да ставиш појак транзистор на излезот и да добиеш поголем домет.Дометот се постигнува и со други работи.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Простирање и практичен домет на радио сигнали
« Reply #80 on 13.10.2010, Wednesday, 01:52:46 (Edited 13.10.2010, Wednesday, 02:00:32) »
aбе ти почна по дифолт на широко да ми објаснуваш. батали тоа. прашањето е доста едноставно. значи се работи за пример, имаме две точки А и Б кои се оддалечени 1-2km, на точката А имаме некаков си предавател на 100МХз со јачина од 0,5W а на точката Б имаме приемник. Се слуша супер... по некое време заврнува дожд. Дали ке се намали нивото на сигналот или ке остане исто. Кој знае нека каже :)
Се работи за многу мала далечина па не е неблагодарно да збориме за домет во ваков случај :)

batka и ова другово е интересна тема на муабет, ако сакаш отвори нова тема за SW радио аматери
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Простирање и практичен домет на радио &#
« Reply #81 on 13.10.2010, Wednesday, 02:13:26 (Edited 13.10.2010, Wednesday, 02:15:51) »
Дх-ер! Извини,ама прашањево не ти е во ред! Тоа е исто како да поставиш вакво прашање: имаш автомобил со 1 л.бензин и треба да се движи во правец од А кон Б.Заврнува дожд.Ке стаса ли автомобилот во тожка Б??? Поправо кажано: ако заврне,а лето е и има атмосферки празнења(молњи,громови) ке се слуша ,ама отежнато,со крчење,бел  шум,ке бега од фреквенција,ке има фединг ,па ке нема....Уште ако и приемната антена се ниша на ветрот!? Повеке ке има проблеми на приемната страна..

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
прашањето е сосем во ред бидејки не зборам ни за годишни времиња ни за ден и ноќ ниту за јоносвера ниту за SW ниту за ништо. Значи прашањето е едноставно а и одговорот е едноставен доколку се знае. сега не ми врти од околу :) ако не си во можност да ми одговориш избегни ја темава бидејки непотребно се трупа.

Да се вратиме на темата: Дожд (вода) како пречка во дометот кај 3m бран. должина на мали далечини
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3059
  • Gender: Male
hhh
Батка ќе те замараат администраторите,многу ти е мал пост-от т.е пораката...Начукај уште некој збор. :D ;D ;)
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
batka имаш репутација за документот а сега ке го прочитам да видам дали ке го најдам одговорот :)
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Батка Dx-ер ! Направив проба : Пуштив вода да тече пред антената на предавател од 144 Мхз ( HB9CV антена) .Млазот беше широк 10 метри .На 500м ставив приемник со ес -метар и слушав! На уво не сетив ништо,а и ес-метарот не смени ни една цртка ,кога водата ја исклучив.Наравоучение - водата не смени ништо во квалитет на сигналот!

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Пред 3 недели направив една снимка ама заборавив да ја ставам на форум. Се работи за снимка од Радио Скопје во Рим - Италија. Снимено е во 2 часот по полноќ.

Поради тоа што серверот на рапидшер дозволува до 10 симињања го закачив три пати со цел да  може 30 души да го симнат фајлот. Доколку се надмине лимитот од 30 симињања пишете да го закачам пак.

Code: [Select]
https://rapidshare.com/files/459734910/Radio_Skopje_vo_Rim.mp3
Code: [Select]
https://rapidshare.com/files/459735349/Radio_Skopje_vo_Rim.aac
Code: [Select]
https://rapidshare.com/files/459735456/Radio_Skopje_vo_Rim.aac
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline boki-cair

  • Нов член
  • *
  • Posts: 26
Здраво до сите ме интересира што е радиоаматерство подетално, односно дали може со тие фрекфенции да се слушаат на обичните системи како обичните радија  (антена 5, фортуна, радио два)  :)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Боки,радио-аматерите работат на посебни подрачја и со посебни модови на емитување.На обични системи само со случајно упаѓање може да чуеш радио-аматери ( особено ако ги имаш во непосредна близина!!) Значи сепак треба да најдеш аматерски приемник за КТ или УКТ за да можеш да ги слушаш ! Ако сакаш можеш и да си направиш приемник.
линк за информации:

Code: [Select]
http://z37rsm.org.mk/d1/index.php/2010-06-08-18-28-56/mcwg.html