Јаги антена по радиоаматерот DL6WU. Антената има 14 децибели појачување, нешто подолга од 4 метра, 4120 mm односно 2 ламбда за 144 мегахерци.
Антената не ме кошташе апсолутно ништо, трошоци нула. Материјалите ги имав и сакав да направам една многу добра антена. Антената покажа одлични резултати за работа преку репетитор, за телеграфија и ЅЅВ не ја испробав бидејќи имам сако FM станица за 2 метри подрачје.
За цела оваа работа на антената ми помогна радиоаматерот Кирко Z31WW и му сум многу благодарен
За антената требаше да се направи еден вид трансформатор на диполот наречен балун
Имав доста работа на антената. Јас како машинец дадов све од себе да направам една добра антена. Директорите на антената беа прицврстени на празни алуминиумски неповратни вентили који ги обработив на фреза 25мм за да се прицврсти на носачот.
после 3 дена работа конечно беше готова.
За да виде стабилна направив носач на која што беше прицврстена на три места
ОДЛИЧНА АНТЕНА!!!!!!!! одлични перформанси со само 5 вати го рушев репетиторот R7 на солунска глава, а замислете 50 вати
плус 14 децибели појачување, оваа антена беше бомба.
Работев само ФМ а за ЅЅВ ќе ја користев кога ќе набавев All mode станица и ротатор.
Деновиве имавме голем ветер неколку дена со брзина од скоро 100 километри на час. Направе големи штети во градот, откорна покриви на неколку куќи, паднаја неколку дрва, светлечки реклами, искршени прозорци имаше во неколку куќи, паднати сообраќајни знаци и падна и мојата антена. Не само што падна, туку со тоа се направија и други штети, Антената како што падна, падна на диполот од мојата КТ антена и ја скина, ги откорна тулите од оџакот и скрше неколку герамиди.
Тулата некако ја извадив од типлата и ја наместив назад како што се гледа на сликата, а напролет ќе треба да го санирам целиот оџак, не е толку оштетен меѓутоа доста тули се размрдани
антената не е оштетена за чудо, само е искривен директорот кој што ќе го заменам со нов. Антената ја слегов со јаже и викнав пријател да ми помогне, бидејќи со двете раце работев и лазев скоро до олукот оти антената заглаве на едно место, не можев да сликам опасно беше оти ќе се сликав за на надгробна плоча
Добра страна на сето ова е дека не е многу оштетена антената, а и ја закрпив антената за КТ. Сепак нема повеќе да ја местам антената за оџак оти сум на највисоко ниво во населбата и секогаш мене ветрот „најповеќе ме мава„
Решение на оваа работа е да направам столб. а привремено решение ќе биде антената да ја поставам на неколку метри висина со импровизиран столб што овие денови ќе го направам