не ви ги знам на сите никовите но ке почнам вака...
батка...
да, уште точно 2 пати се логирав на форумов само за да прочитам какви постови сте напишале. еднаш и напишав текст од можеби 100 реда и на крај го избришав. сите текстови што ги прочитав се една увертира од извртени зборови, искривена вистина, цитирање на извадоци од еден текст (она што некого лично тангира) или пак она што си го наоѓа за сходно да контрира. никако не ми е јасно зашто во генот (проклет) балкански тоа ни е зацртано? да контрираме?
сале ск.
очигледно само ти ја свати поентата на мојот текст и пишување. во ниеден момент не дојдов да се рекламирам туку без лично затангиран бидејки беа спомнати руски подморници, ас сонди и кано системи заедно во еден кош. дојдов, пишав и бев нападнат. плус згора на тоа нападот и навредите неможат модераторите да ги прочитаат и увидат? многу добро... можеби така функционира овој форум.
тим електроник и сите останти што барате дапојаснувам.
на кратко ке ви го кажам следново:
кано системи постои повеке од деценија. за тој краток (релативно) имаме наместено преку 2.000 системи. оние што ги интересира кој е бенефитот од поставување на овој систем се заинтересирани и ги имаат добиено одгвоорите досега. никој од вас не го решавал проблемот со поставување на сопствено парно (од почеток) па затоа и не сте информирани. во денешно време кога се донесуваат такви големи одлуки (читај скапи) нај често лугето прво мнооогу се информираат. оној момент кога ке се сретнат со системот (било кој не само кано систем) ги собираат сите податоци и така дознаваат. претпоставувам сале ск така дознал или се информирал за овој систем па затоа и знае повеке луѓе со вградени системи. примерот негов за топлинските пумпи и кока кола е сосема на место. никој од нас тука не знае што има во кока колата ама сите ја пијат.
дали можеби некој производител на автомобили го става јавно на интернет (форум) софтверот од автомобилите? па на денешно време тој е единствениот двигател за нивното производство. врвно криена тајна. заклучени софтвери. недозволен пристап до софтверот дури и кога ја имаш колата кај тебе. а зашто? затоа што тоа им е носачот на пари и заработка. тркало секој ке направи. моторот секој ке го расклопи и мултиплицира повеке пати (милиони-кинези секако) но софвтерот никој неможе.
дали можеби сакате свето од ск пивара да ви постира на интернет која е рецептурата за пивото? пази да не... а можеби и јапанците ви покажуваат како го прават сакето...
така и кај мене, во мојата фирма нема да ви кажам се. уште во првиот пост напишав дека нема да кажам се. кој мисли дека може да открие од што е составен екетролитот бујрум нека постави систем од нас (да имам и јас некое фајде од тоа) со задоволство ке му оставам електролит одвишок. нека проба да го најде што е. дури еве, и ке помогнам, има неколку органски материи. е баш да видам како органските материи ке ги откриете во лабараторија и ако да во кој континент ке го правите тоа и колку ке ве кошта... не, не се мајтапам, не се ситам, не се смеам, не се заканувам нити пак се правам фраер, сељак (љаксе) или било што. само ви посочувам дека во кано системите електролитот е она што ме држи на нозе, во оваа држава каде што не си заштитен од никого на никаков начин.
во оваа држава ако успеам да измаркентизирам и продадам фино спаковани гомна во целофан, одма ке добијам конкуренција, затоа што ке ја види рецептурата. јас не се плашам од конкуренција, напротив тоа е здрава работа, но нека си го заработат лебот а не на некој форум на интернет да добијат условно кажано рецепт и на тацна како работи системот кои се тајните на него, кој е електролитот (и тоа некој погоре пиша, во стилот КОИ се тие 18 состојки) и да земе одма да го направи и продава... а јас? што имам јас од тоа? зашто сум потрошил сума пари и сума време за да го откријам тоа и да дојдам до финишот? а што имам јас од тоа што на него ке му ги нароам очите?
понатака, не барам од никого на збор да ми верува. такво нешто нема. ни на роден брат не му верувам, бидејки ни он не ја знае точната состојка на електролитот. а што се однесува до материјалите, димензиите и начинот на изведба на системот е лесно за секого. купи го, јас ке го наместам и кога ке си отидам, расклопи го до штравче. се ке ти биде на тацна. тоа ми е јасно како ден дека е лесно. но затоа нема да ти биде јасно кој е електролитот и што всушност се случува во него..
знам дека тука на форумов има стручни лица, знам дека има способни момци и знам дека во вас лежи иднината (дел од нејзе, да не претеруваме) на државата. од вас зависи дали ке се истакнете со нешто како јас што сум се истакнал. дали ке барате работа за 150-200 евра или ке си го испотите газот правејки нешто со кое ке се гордеете и ке печалите. е да ве видам тогаш дали ке ви биде драго на некого да му го БУКВАЛНО дадете во рака вашиот труд. да, имав понуда за откупување на елкетролитот, одбив да го продадам, бидејки сметав дека овака поише ке заработам. и не сум згрешил. од друга страна они одбија да соработуваме на мој начин, а тој беше со понудени 2 опции:
-процент од секој монтиран систем, следниве 45 години или
-јас да го произведувам елкетролитот, а они и само они да имаат ексклузивно право да располагаат со него и само за нив да го произведувам. ги одбија и двете опции.
нема мнамера понатаму да се објаснувам со никого за ништо. доколку сакате да дискутираме за греење повелете. имам архива на фотографии (илјадници). имам контакти од луге кои ДОЗВОЛИЛЕ нивните броеви да ги давам за информација за искуство. така можам да покажам, докажам и објаснам за ова што јас го работам. се надевам дека ги разјаснивме сите проблеми зашто сум тајновит и шкрт со информации. кој верува нека верува, одлично. кој не верува исто така нека не верува, пак одлично за него. само не е во ред како прошлиот пат после мојот пост да се појават постови во стилот:
-ова е лага,
-ова е превара,
-ништо поразлично од другите
-човеков не е стручен
-човеков појма нема што збори
и слични такви НАВРЕДИ кон мене, мојата професија, мојата стручност и работа. тоа што несакав да ги кажам податоците не ме прави ни преварант, ни нестручен ни лажго, ама вас господа ве прави личности недоволно компетентни за обична нормална дискусија (не стручна)...
а од друга страна, ако вие господа форум бирократи (администратори и модератори) тоа го сметате за ненавреда туку нормална дискусија тогаш стварно треба да си ги преиспитате вашите логики и моралитетот на кое ниво се.
Споено мислење: 01.02.2014, Saturday, 01:45:37
сакав само да додадам дека некој спомна на факултет професорите ако си им рекол на народски јазик ке направеле вака или онака... да, на факултет ако се спомнеше било каков нестручен збор, може и шамари ке паднеа... ама тука не сме на факултет. како што и самите рековте, тука е јавен форум и како што и самите рековте тука има еден куп пасивни читачи, деца млади и слично... ова е форум... јавен, за сите, за било кој...