Овој проблем го мкнам веќе некое време и пробав се што ми текна, но не успеав да го решам, па сакав да направам една мала консулатција со корисниците на Телекабел на форумов.
Ми се јавува еден прилично чуден проблем за кој не установив дали е последица на интернет провајдерот, рутерот, модемот или нешто сосема трето.
Проблемот е следен. Клик на линк или Right Click --> Open in New Tab и сајтот (кој и да е) го јавува како недостапен. Try Again или Reload еднаш, два пати или три пати и нема проблем, сајтот си се load-а најнормално. Ова најчесто се случува со некои сајтови кои прв пат ги посетувам (по некој Google Search или нешто слично), значи линкови кои не ми се во Cache (претходно посетувани), но знае понекогаш да се случи и со линкови кои ми се претходно посетени.
Кратко кажано, како мојот request да не стигнува до DNS-от и треба неколку пати да му „кажам“ „друже, ова го барав, а ти ми викаш дека не постои“. Реално, линкот е достапен (up), но browser-от може и неколку пати по ред да ми врати назад дека е недостапен (down). Дали е тоа проблем на локалниот DNS (на Телекабел), не знам, но уште тоа остана да пробам, да сменам DNS. Пробав од три различни PC-иња кои ми се врзани за истиот рутер, секогаш се јавува истиот резултат. Понекогаш по неколку минути сурфање, понекогаш веднаш, понекогаш по еден час или два... нема правило, изгледа како да е на random. Но, ако почне да се јавува, продолжува да се јавува на скоро секој нов отоврен линк или таб (понекогаш се јавува и на рачно истипкани адреси, на пример, elektronika-mk.net).
Не знам како да го опишам проблемот... нема правило. При првите анализи, ми изгледаше како да се јавува некој pattern (правило), ама по неколкумесечна анализа... ништо веќе не прави логика. Единствена работа која остана да ја проверам е дали истиот проблем го имаат и некои други корисници на Телекабел или не. Сменив рутер, неколку PC-иња врзани за истиот рутер, секаде се јавува истиот проблем. Проверив дали е ОК модемот (суви кондезатори, сменив адаптер, привремено работеше на стабилизиран извор за напојување, се е ОК, напонот е стабилен).
Веќе немам идеја. Ако има некој сличен проблем, нека пише...
ПС: Сменив и неколку browser-и, а инаку по default (најчесто) го користам Pale Moon (custom Firefox build).