Случајно некоја шема,препорака да не имаш за A/D конверторот?Јас планирав ова да го правам со SMD, „handheld“ да биде,така да не ми е проблем.
Ама треба да се менува и кодот во тој случај, не може да се остави истиот код да биде :S.
Не сум разгледувал нешто подетално во A/D конвертори, не знам кој би го искористил :S.
Според мене, вакви работи се купуваат, ова не се прави :S, не дека не може да се направи, туку џабе ќе го правиш, на крајот пак работата ќе излезе „више дара него масло“, многу труд а многу малку ќар. Сега барем има handheld осцилоскопи во куќишта како за iPhone, со Li-Ion батерии се, на USB се врзуваат, горна гранична им е околу 5MHz (или тука некаде беше, не ме земајте за збор), тоа е повеќе од доволно за многу апликации, и што е најважно, околу 50 долари се. Имаат и TFT дисплеј во боја, не ми е јасно што повеќе од тоа ви треба
.
Е ако направат PIC-ови со A/V излези и со A/D конвертори со барем 10MSPS и 14-битна резолуција, тогаш да, се исплати
.