Значи, за да дојдеш до комплетниот текст на законот, со сите измени, треба да почнеш на назад, кон каде се референцираат по службени весници, почнувајќи од првиот па натаму, да го изменуваш текстот (apply changes) според сите наредни измени. (На почетокот на овај закон, пишува кон кои броеви на службени весници се референцираат.)
Знам, јасно ми е, јас ова го правев со царинскиот закон и сите уредби (анекси) на законот. Знам како треба
. Се научив
. Но мислам дека е ова многу глупаво :S. Може едноставно да ги додадат сите промени на законот секој пат кога ќе направат некоја промена на законот, во службен весник да стои само промената, а на интернет да може да го симнеш законот во сите можни верзии, од последната верзија до првата (почетната). Вака, треба се да симнуваш и да гледаш што е додадено одземено :S. Многу време одзема :S. Не знам чива идеја било ова, ама според мене е многу глупава :S.
(Сите постари службени весници од една календарска година можат да се најдат без пари на линкот: http://www.slvesnik.com.mk
. Се наплаќаат само службени весници од тековната календарска година.)
Знам, од овде јас и ги симнував службените весници со измените на царинскиот закон. И не знам зошто, на PDF документите до 2010 (мислам дека беше до ова година) им е забрането да копираш текст од нив
(затоа морав да правам screen shots
). Не им ја разбирам логиката. Нема ништо во документот да променам, само ми треба да ископирам текст. Исто е како да сум го прекуцал, сакам да циртирам нешто
. Изгледа конечно им текнало дека ова е лоша политика, па подоцна ја имаат сменето (од службениот весник со промените од 2012 година, можев да копирам текст). Ама па не бивало да сменат наназад ретроспективно, да може од сите години да копирам текст :S.
А зошто па и да морам да платам за службен весник од тековната година? И ова некако не ми прави логика. Нели работата на собранието на РМ е транспарентна? Ако е транспарентна, значи секој би требало да може да ги погледне броевите на службен весник на РМ без притоа да плати за нив. Ајде, разбирам ако е во печатена форма да мора да платиш за весникот, се трошело хартија, пари, ова она... ама во електронска верзија, дури и да се од тековната година, би требало да бидат бесплатни
. Порано, немаше начин да може да се направи службените весници да бидат бесплатни, ама сега барем, во дигиталната ера, скоро секој има барем PC.
Оние што се правници знаат кога (јас незнам), се издава прочистен текст на законот, односно текст во кој се извршени веќе сите промени (apply ALL changes), односно конечен/краен облик на текстот до датумот на издавањето на прочистениот текст.
Епа за ова зборувам јас, законот со сите updates to date
. Е каде може да се симнат овие верзии од законите? Јас на pravo.org.mk не начекав вакви верзии од царинскиот закон (или можеби не сум барал доволно добро
).
Q1.) Дали и за случаеви кога произлегува САМО плаќање на данок на додадена вредност, а сме ослободени од царина (односно вредност помеѓу 22 и 45 EUR), повторно мора да се ангажира шпедиција, односно постапка за целосен увоз, исто како и да кога ќе треба да се плати царина и данок?
Не сум правник, ама изгледа мора ова да се прави бидејќи станува збор за пратка која доаѓа од надвор од државата. На пример, одиш во супермаркет, купуваш леб, плаќаш ДДВ на лебот, ама на лице место си го земаш и си го носиш дома. Кога станува збор за пратка, ти може да кажеш и дека не сакаш да ја примиш пратката и дека не сакаш да платиш ДДВ за неа. Е изгледа тука „лежи зајакот“. Изгледа додека ти го наплатат ДДВ-то, мора пратката некаде да стои (хангар) и да го платиш тоа. Изгледа нема опција да платиш ДДВ при примопредавањето на пратката.
Е сега зошто баш DHL е третирана ТОЛКУ ригорозно во нашата држава, што се "анализира" до влакно, тоа не ми е јасно.
Мислам ова е вака бидејќи претставништво на DHL постои во Македонија уште од времето на бивша Југославија, па многу луѓе се сеуште навикнати да праќаат и примаат пратки исклучиво преку DHL, а ова значи дека најголем дел од пратките кои доаѓаат преку приватни пошти доаѓаат токму преку DHL. Многу пратки, големо место за сомнеж, па и пратките се „чешлаат“ подетално.
А можеби и царината се има „изгорено“ порано со некои пратки од DHL (пропуштиле нешто нелегално, не се царинело како што треба, итн.), па сега се extra careful, кој знае...